ФЕСТИВАЛ WINTER APRICOTS

Во киното Мис Стон

Со проекција на танцови филмови и концерт на групата СИЗ сношти почна осмото издание на меѓународниот фестивал „Winter Apricots”, кој се одржува денес и утре во киното Мис Стон. Организаторите велат дека фестивалот ќе го оживее Прилеп преку филмови, музика, работилници, разговори, дружби и добро друштво.

 Публиката ќе погледне филмови во три натпреварувачки селекции (национална, балканска и интернационална) и неколку придружни програми. Фестивалот ќе биде домаќин и на повеќе гости, работилници, концерти, како и специјални програми.

Вечерва во натпреварувачкиот дел се филмови од балканската и официјалната селекција. Утре е промоцијата на книгата “Замислување на мирот” од Вим Вендерс и Мери Зурнази, и филмовите од македонската и официјалната селекција. Фестивалот завршува со концерт на Летечки пекинезери.

– Годинава, во партнерство со амбасадата на Италија во Скопје, фестивалот ќе биде домаќин на специјална селекција на кратки филмови, од Италијанскиот национален институт за кратки филмови во Торино, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на краткиот филм. Во внимателно избраните нови италијански кратки филмови нудат преглед во современата филмска продукција низ различните жанрови. Патем, продолжуваме со соработката со здружението Slow food Прилеп, кое и оваа година ќе ја збогати трепезата со храна и пијалоци. Тоа е уште еден начин да се спојат енергиите и да ја престави понудата на нашата земја – велат организаторите на фестивалот.

Loading