ЧАЈ – ЗИМСКО УТРО

Зимско утро е топол напиток кој се приготвува од лимон и ѓумбир. Одличен е за почетокот на денот секое утро.

Во студените денови важно е да се пие една чаша од овој моќен чај. Со силен вкус, напитокот дава енергија и ја поттикнува циркулацијата. Лимонот ги стимулира плунковните жлезди и работата на цревата.

Се ренда поголемо тркало ѓумбир и со прстите се цеди сокот во чашата. Потребно е една лажичка сок од ѓумбир. Се прелива ѓумбировиот сок со врела вода и се остава 2-3 минути. Се додава сок од половина лимон. Може да се додаде лажичка мед. Се пие полека, во мали голтки.

За затнати дишни патишта, секрет во носот или синусите, се препорачува овој рецепт. Во тенџерче со вода ситно се сечка или се ренда ѓумбир, а лимонот се цеди. Сето заедно се  вари додека не зоврие. Потоа се остава 5 минути. Се цеди, се засладува со мед и полека се пие. За една чаша потребни се една супена лажица рендан ѓумбир и сок од половина лимон.

Овој чај поволно делува на дигестивниот тракт. Елиминира токсини. Се препорачува на лица без апетит или вишок на килограми. Ја засилува циркулацијата.

Loading