ВОСХИТ ОД РЕНЕСАНСНА ФИРЕНЦА

Фиренца е централен град во покраината Тоскана. Каде и да се оди низ нужн о е да се открие Фиренца. Тоа е ренесансен град, со стар доста сочуван дел кој и предизвикува восхит.

Секој ужива во убавините без разлика колкупати бил во прегратка со мистичниот град. Постојано се открива ново невидено парче историја. Градот сам “тоне во минатото”, уметност видливи на секој чекор, на секој агол, на секој плоштад… Препознатлива е по доминацијата на музиката, ликовната уметност низ вековите. Војводите и војводките од семејствата Медичи и Лорена го бележиле за век и веков.

Небаре музеј на отворено и на затворено има што да се посети. Нема грешка од каде и да се тргне во обиколка. Водичите обично ја планираат рутата, а без нив најатрактивн старат е со Фонтаната дел Порцелино на плоштадот Меркато Нуово, недалеку од стариот мост Понте Векио, која е во форма на вепар од чија уста тече вода. Се верува дека ова прасе носи среќа ако се погали и му ставиш пара во устата. Слеваните парички се насочуваат во добротворни цели. Понто Векио е еден од шесте мостови што ги поврзува бреговите на реката Арно. Речниот премин е исклучителен. Велат дека бил најубав во Европа, оти потекнува времето на римската империја, иако во документите првпат се спомнува во 996 година. Тој е единствениот што куртулил од бомбардирањата во Втората светска  војна. Инженерот го проектирал со три лака што им овозможува патна комуникација на Општината и Палту Пити палатата. За празниците нема игла кај да се фрли од народ. Метеж невиден. Оттука се купуваат сувенирите за спомен од престојот во Фиренца. Не само тоа. Наредени се десетици дуќани со накит… Легендата за мостот вели дека е посветен на  љубовта, бидејќи се верува дека двојка кој ќе закачи катанец на оградата и ќе го фрли клучот во водата се заветува на верност и долга љубов. Атмосферата и ноќе е прекрасна со декорот на светлечките канделабри. Величенствено.

Ренесансната палата од Филипо Брунелески е проектирана за банкарот Питиј. Блиску до реката е палатата на семејството Медичи ја купило во 1539 година и ја претворило во резиденција на Големото војводство на Тоскана. Уредена е зеленило паркови и патеки. Ја користел и Наполеон Бонапарта. Таму се експонатите на седум музеи и 140 простории за посетителите чии ѕидови се  украсени со делата на Рафаел, Рубенс, Тицијан…

Архитектот нашол креативно решение поставувајќи го на плоштадот Синјорина. Илјадници туристи не се воздржуваат од воздишките, предивикани од уметничките творби. Старата палата е исклучително важен одбјект со политички димензии низ годините. Нептуновата фонтана од 1575 година е симбол на бројните тоскански поморски победи. И неизбежно да не се стапне во галеријата Уфици низ сокачињата со архитектура и со арома на ренесанса. Љубителите на уметноста чекаат со часови да влезат на средба со најраскошните дела на најнадарените уметници на Италија. Внатре е најголемата и најбогата колекција од сликарството од антиката, барокот и ренесансното сликарство, како и на Микеланџело, на Рафаел, Леонардо, Тицијан и многу други.

На плоштадот Санта Кроче е готската црква. Таа е безценетиот бисер на Фиренца. Црква со статус на базилика датира од крајот на 13 век. Во 19 век í е додадено ѕвоно на неоготската фасада. Во нејзината капела почиваат Макијавели, Микеланџело и Галилеј.

Срцето на Фиренца е плоштадот Дуомо. Околу се бројните културно историски знаменитости како катедралата Санта Марија дел Фиоре и крстилницата Сан Џовани. Катедралата или Дуомо е со импозантна купула, највисока и амблем на градот. Ја конструирал архитектот и сликар Џото и е четврта најголема градба во Европа. “Облечена” е со бел мермер од Карера, црвениот од Марем и зелениот од Прата. Внатрешноста е украсена со фрескосликарство. Плени и куполата на акторот Брунелески, градена 16 години со дијаметар од 43 метри. Блиску е и Акедемијата на убави уметности, а подолу  Дантеовата куќа, каде Данте ја пишувал Божествената комедија, гледајќи ја неговата Беатриче.

Фиренца е жива историја. Да се открија во детали се потребни години. Затоа, по неколкудневната прошетка, најдобро е да се одмори и да се засити стомакот со лазањи, брускети, фокачи или пици во илјадници вкусови. Специфичност е Бистека ала Фиорентина или колачот Панфорте. Никој не може да го опише со зборови италијанското кафе.

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading