СКИНАТА МРЕЖА ПРЕД ПЕЛИСТЕР!

Фудбал

В сабота (13 ч.) на стадионот “Гоце Делчев” е мечот Победа – Пелистер, од 14. коло на Втората лига. Наместо да биде голема пелагониска пресметка, дерби, сега е прашање колку може прилепскиот тим да се соземе, по дебаклот во Тетово. Таму беше со искината мрежа, по поразот од Арсими со 8:1. Во калта немаше фудбал, само борба од домашните кои не застанаа до крајот. При лоши очекувања, добро е, сепак, Победа да изненади против кандидатот за врвот. Во Победа нема битолчанец, а во Пелистер се прилепчаните Марио Наумоски, Бојан Спиркоски, Марио Дебрешлиоски и Давид Јошески.

Табела: Беса 34, Детонит 29, Пелистер 27, Беласица, Кожуф и Охрид 20, Арсими и Новаци 19, Тетекс и Башкими 17, Вардар Н., Победа и Скопје 15, Осогово 11, Караорман 10, Саса 7.

Loading