И КАЗНЕТИ ДОБРО СЕ ДРЖАТ

Футсал

Новоформираната Победа игра мошне добро во Втората футсал-лига, но нема бодови колку што освои. Наместо 13, на табелата има 10. На клубот му се одземени 3 бода, по жалбата на Кораби, совладан со 6:4. Во најновиот меч, Победа – Мал Ајакс 3:0, со головите на Кире Наумоски, Никола Трајкоски и Александар Китаноски. Следи гостување во Брвеница, на Партизан.

Табела: Проект 18, Јувентус 15, Кораби 13, Енхалон 12, Партизан 11, Победа, Скопје и Конзули 10, Мал Ајакс 9, Университи, Шкендија и Кратово 7, Балкан 6, Каршијака 1.

Loading