ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (218) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Куќните односи Николовци и Павлевци Ванчовци ги расипа на свадбата од Јованоски Душан Курела. На самиот ден Св. Арханѓел МИхаил, 21 ноември 1954 година се женеше Душан за Здравеска Петрева Правда од с. Алинци, прилепско. Сватовите си дојоа, дворот од Јоновци се наполна од народ, таа свадба е последна пред божикните пости. Свекорот Јован и Николоски Петре Галабаро се први братучеди. Никола Галабаро и Јовановата мајка Велика се брат и сестра.

Петре и Петрејца Митра Николоски не се тие на свадба, него му направиле чест, поштовање на нивната раненичка Божна и на нејзиното момче Стојан. Постарите Петре и Митра останати дома да ги чуваат внучињата Весела и Коле. Момчето на Божна, Стојо Ѓоргоски од село Бешишта во помладите години со неговите браќа Дано и Диме го фатиле шумаро, го врзале за некоја бука и врзан стоел три дена. Откако Стојо дојде за домазет кај Николовци во есента во 1950 година, со времето името му се смени во Стојан наместо дотогаш Стојо. Природно несреден, шлакало. Во дворот Јоноски Курелоски полн со народ од сите возрасти меѓу кои и Ванчовите снаи Ацејца и Миркојца, се мисли на Павлески Ванчо. Ванчовите синови, дваесет петгодишниот Аце и седумнаесет годишниот Коле го опоменале Стојана да се посмири оти ако замислил тој во Марул нема крвна рода можи да се преставува недолично, тогаш самиот се вара.

Куќните луѓе и законџиите отидоа в црква за венчавање на младоженците Душан и Правда. Времето беше заснежено, нас децата од машиот пол не ни пречеше снегот да појдиме в црква за венчавката поради знаеме кога ќе се вратат младоженците наоколу трпезата се фрла жито помешано со разновидни шеќерчиња, тука правиме делба со глувците, за нив житото, за нас шеќерите. Но, нешто не изненади нунката Ката Стојкоска од с. Подмол. Буцкоска носеше една тепсија со пржени питулици со масло, ние децата добиме по една цела питулица, ужасна работа за нас.

По завршувањето на богослужбените работи од страна на свештеникот Смилевски Ванѓел од с. Добрушево и ние децата со законџиите се вратиме кај Јоновци, дворот беше празен, селските присутни сеирџии си б а разотидени, потоа и ние децата си отидоме, наредниот ден не чека школска настава. Како по традиција насобраните гледачи си заминат дома штом невестата заминува за венчавање в црква. Откако ќе се вратат од венчавка канетите луѓе од селото поново идат на вечерна забава кај свадбата, ако пак свадбарит еодат директно со малдоженците, одат в црква на венчабање насобраните гледачи, сеирџии е чекаат поворката да си дојдат, е вадат невестата да ну го честитат бракот, некој остануват за да продолжат за на вечерната забава, некој си одат дома.

За вечерната прослава на свадбата кај Јоновци, Аце и Коле Павлески дошле куќно канети. Аце и Душан другари речено врсници, Божидар брато на Душани Мирко другари од мали деца, сега се двата војници. Уште пред вечера поново дошла расправија помеѓу браќата Павлески Аце и Коле од една страна со Николоски Стојан од друга страна.

Василсоки Милан Борачо, мирен човек со голем углед меѓу гостите, стројник на младоженците Павлеските браѓа Аце и Коле внуци од родена сестра е осетил напнатата напнатата ситуација помеѓу внуци му и Стојан се смирил работата, веселбата поминала смирено кога дошло време после вечерата марулските гости си разотишле дома главните гости свадбари е продолжиле сведбаената веселба и во понеделникот викани мили гости со поквалитетно јадење се додека не е однесат на пијаниот кладенец Копиниште. Откако доваѓа свадбарите законџите се спремат за одење дома.

Поред селските гости си замина исто Аце и Коле. Но фамилиите од Николовци Ванчовци се најдоја во заладен однос. Во летото во 1955 година татко ми ванѓеле ораше мешаше угарта во нивата во Попојца која псоле ожнивање на нивата во 1956 беше одземена, доделена на Ристески Мите Мурџески.

На триста метри од нас југоисточно ора Николоски Стојан Галабаро, кога појдав јас нивата за да ги пасам воловите орањето. Татко ми Стојан му парвеја починка на ѕевгарите и седеја во близината на нашиот ѕевгар. На северната страна од нашата нива преку патчето кое води од Марул Попојца чешмурче за во Бреста и обратно берат тутун Павлески Ванчо со снај му Ацејца Милица и Миркојца Нада.

Павлеските аргати, тутунари откако набра тутун Ванчо е крена вреќата со тутун и си тргнаа за дома во близини наша над патчето. Стојан рече види го, чорбаџијата носи тутун како магарето што ми го накара Стојана што работа има да се заваќаш тоаа негова работа. Само што заврши расправата за Ванчо и Стојан да оди кај неговиот ѕевгар за да ги потера за орање. Ванчо се појави на брегот со некој стап – прат на рамо иди надолу према Стојан. Ванчо не неоси ниту стап ниту прат него набодната за снопје товарање.

Ванчо го фаќа Стојана за десната рака мислејќи да е десничар. Но, работата излезе обратно, Стојан е левичар, го извади металниот жегол од јаремо и почна да мава на Ванчо. Ванчо почна да бега низ угорта ид а вика за помош по татко ми Ванѓел, брани ме, ме отепа со жеголо. Татко ми Ванѓел се стрча да ги брани, јас се исплашив, почнав да плачам десет годишно дете мсилејќид а и татко ми ќе се замеша во тепачката. Татко ми Ванѓел некако успеа да ги раздели тепачите Ванчо и Стојан и одсечно му рече од мене вие да не барате само жалам детето ми се исплаши. Татко ми на Стојан му рече можи да биди полошо Ванчовите синови можно е да те претепат.

Ванѓел татко ми н аСтојан му рече со очувот или дедото твој Николоски Петре живеам од убаво преубаво. Со ванчо живеам исто така убаво. Неговата мајка Темјана Тема и мојата мајка Трајана си има меѓу себе поверлив живот чак меѓу себе си има позајмици по потреба. Затова за некакви глупости нема да си го расипам авторитето за да бидам не чиј сведок рече татко ми во разговорот со НиколоскиСтојан. Нивата во која тогаш се тепа Ванчо Павлески и Стојан Николоски сега преку орантација ја има Ристески Богоја Танески.

Нова непомирлива пречка помеќу Николовци со Павлевци ванчовци због меЃата на нивјето во Калуѓерски ливади. Николовци и Павлевци Ванчовци има нивје со заедничка меѓа во местото Калуѓески ливади. Николоската нива е на јужната страна од меѓата, Павлеската нива е на северната страна од меѓата. Ако се бара вистината Павлевци се во право затова што према положајот на висината тие се на повисоко ниво на меѓата не можат да надорува надолу со прво ѕевгарот не оди надолу и како второ ни плугот нема да ора. Додека долниот орач можи да од село од меѓата многу полесно. Овие комши со години си има расправии за таа меѓа во Калуѓерски ливади без некоја судска пресуда.

Ванчовите синови се одселија фамилијарно за Прилеп. Последен се исели Ацо најтариот Ванчов син фамилијарно за Прилеп во септември 1965 година. Таткото Ванчо целокупната земјена имовина и ја поклони предаде на дравата со тоа му се навиши работната пензија.

Николоската нива во калуѓерски ливади преку орантација му била доделена на браќата Киро и Петре Јошески. Преку катастарска листа со тоа што Ѓорѓијоски Стојан Николоски преку судот ја изгубинивата дојде судски извршител му забрани за да ги користи нажнијаните снопови. Тој спор се догоди во летото во 1965 година. Николоскиот инает пукна како пластичен балон. Сепак зимата во 1960 година ги видов во разговор Николоски Петре со Павлески Ванчо.   

Loading