Градоначалникот Јовчески со контра аргументи
Манипулациите и лагите на претставниците на власта предводена од СДСМ се само последен крик и сламка за која што мораат да се фатат, затоа што немаат друго да понудат. Ја манипулираат јавноста и срамно тврдат и промовираат туѓа реализација на проектите, смета градоначалникот Борче Јовчески. Тврди дека градинката во Точила ја примиле недоизградена, без платен денар и со огромни пропусти во проектот. Заради подземниот канал, улицата Леце Котески нема да има трета лента, а дополнителната пешачка и велосипедска патека ќе може да се гради , а третата лената по 4-5 години.
– Ул. Леце Котески е рак рана во нашиот град веќе извесно време, а според изјавите на претстваниците од власта, ќе биде и уште долго, за жал, на сите нас. Секојдневно асфалтираме и имаме во истиот период од започнувањето на Леце Котески па досега, рехабилитирано над 12 километри улици и патна инфраструктура во Прилеп. Градинката не беше готов и изграден објект по преземањето на локалната власт. Пристапивме кон решавање на недостатоците. Се наоѓаме во завршна фаза и пред пуштање во употреба. Градинката чини над 130 милиони денари. Веќе ја реализираме и исплатата што не беше ниту денар почната од претходната власт – изјави градоначалникот Борче Јовчески.
Јовчески рече дека со јасна визија и план за развој на Прилеп продолжуваат во наредните две години.
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп:
ПРОЛОНГИРАНОТО АСФАЛТИРАЊЕ НА ШТЕТА НА ГРАЃАНИТЕ
Откако на СДСМ не им поминала лагата и намерните кочници дека за неизградбата на „Леце Котевски” е крива Општината конечно започнале нешто да работат, реагираа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп
“Летечкиот циркус наречен СДСМ, налик на оној од Монти Пајтон, го парализираше Прилеп и тоа замислете ни помалку ни повеќе само поради некакви градежни активности на улица Леце Котески, која одамна требаше да биде завршена. Претставници од најнеспособната влада предводена од ДУИ и СДСМ, која намерно го пролонгираше асфалтирањето на оваа улица, поради која блокада трпеа штета нашите сограѓани по своите возила и бизнисмените по своите бизниси, бомбастично дојде на сликање во нашиот град”, истакна Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.