ПРЕМИЕРОТ И МИНИСТРИТЕ ВО ПРИЛЕП

Реконструкцијата на улицата „Леце Котески” или влезот на Прилеп, од страната на Крушево се одвивала според планираната динамика, сметаат премиерот Димитар Ковачевски и министерот за транспорт Благој Бочварски. Според нив, за две недели двата километри ќе бидат асфалтирани со првиот слој на асфалт и да нема повеќе места со тампон и огромни дупки. Наспроти реакциите на граѓаните дека за два километри, во проектот се предвидени 10 месеци рехабилитација, до април идната година, според Бочварски не гледа вина кај нив за доцнењето, туку кај Општината која го правела проектот.

– Долниот слој, тампонскиот, кој бил проектиран, требаше комплетно да се подобри, бидејќи под асфалтот кој беше на стариот пат имаше калдрма и глина. Ако пристапевме веднаш на асфалтирањ, за неколку години повторно овде ќе разговаравме дали треба да се реконструира патот. Се направија дополнителни испитувања кои одземаа време, дополнително приклучоци за сите фабрики, се допроектира за да бидат синхронизирани и направени како што е потребно за да ги користат компаниите. Никому не затвориме пристап до неговата фабрика. Се отвориј овие прашања при градбата и ги разрешивме – рече Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Инвеститор е Министерството за транспорт и врски, а инвестицијата чини 50 милиони денари.

Ковачевски со министерот Спасовски го посетија ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи во Прилеп. Вкупната инвестиција е околу 11 милиони евра, средства обезбедени преку ИПА програмата и со буџетски средства на МВР.

Пратеникот Миле Талевски:

СЕ ЧЕКА ТЕХНИЧКИОТ ПРИЕМ НА ГРАДИНКА ДВЕ ГОДИНИ

Веќе две години комплетно е изградена од претходната локална самоуправа од СДСМ градинката во Точила и се чека актуелниот градоначалник од ВМРО ДПМНЕ да направи технички прием и да ја стави во употреба за згрижување на 252 деца, изјави пратеникот Миле Талевски. 

– Владата и Министерството за транспорт и врски и Министерството за труд и социјална политика се комплетно подготвени градинката да ја стават во функција. Се чека локалната самоуправа повеќе од 2 години да направи технички прием. Испочитуван е преземениот рок. Градинката е комплетно изградена. Новата локална самоуправа која имаше обврска само да ја стави во функција градинката, веќе 2 години ги држи во заложништво родителите. Немаше никаков пропуст од изведувачот. Имаше ситни забелешки кои се отстрануваа повеќе од една година. Зошто градинката не се става во функциј,а тоа е прашање за Општината – рече Миле Талевски, пратеник од СДСМ.

Loading