ФЕРМЕНТИРАН ЛУК ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ

Лукот најчесто се користи во кујната во комбинација со други зачини за подобрување на вкусот на јадењата. Тој е еден од најефикасните лекови против разни болести. Во комбинација со мед на празен стомак, максимално ќе му користи на организмот. Медот и лукот секогаш се на врвот по лековитост. Најздрави се кога се јадат сурови, а уште поздрави во ферментирана форма. Оваа комбинација може да го спречи дури и ракот.

Како се прави оваа лековита мешавина?

Медот ги засилува корисните својства на лукот. Ако се јаде една недела на празен стомак, значително се подобрува здравјето. Може да се приготви паста од мед и лук или ферментирана мешавина.

Паста од лук и мед. Потребни се чаша мед, 10 чешниња лук. Излупениот лук се блендира. Се става во тегла и се додава медот. Затворената тегла се остава на ладно една седмица. Се консумира секој ден по една лажица на празен стомак седум дена. Потоа се прави пауза една седмица, па се повторува третманот.

Оваа комбинација ја подобрува циркулацијата на крвта, го регулира крвниот притисок, го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, ги намалува воспаленијата, го зајакнува имунитетот, ја ублажува кашлицата и го лекува телото од настинки и грипови. Се препорачува одбегнување на мрсна храна, шеќер и брза храна.

Ферментирана мешавина. Потребни се лук и мед по потреба. Со страничниот дел од ножот се притиснува лукот за лесно да се излупи и да се нагмечи доволно за да се ослободи алицинот или едноставно само да се засеча чешнињата. Се полни теглата со исчистен лук и се прелива со квалитетен мед. Теглата лабаво се затвор или се остав малку подотворена и остава на некое темно место. Лукот лебди на површината. Суровиот мед содржи корисни ензими потребни за ферментација. Под теглата се става чинија. За неколку дена излегуваат меурчиња. Се        затвора капакот цврсто и теглата се превртува. Сите чешниња лук ќе се натопат во медот. Потоа се враќа назад теглата и повторно се разлабавува капакот да може ослободениот гас да излегува. Се остава теглата да ферментира еден месец на темно и ладно место, а потоа се чува во фрижидер. Се јаде по едно чешне со мед наутро на гладно. Мешавината е лековита по три дена.

Loading