МАГНЕТОТ СЕ ВИКА КРИВАТА КУЛА ВО ПИЗА

Пиза, град во Италија, со Кривата кула, која е една од најголемите атракции, е град  кој има повеќе од 20 важни цркви, неколку вредни средновековни палати и мостови преку реката Арно. Шармантниот град со  богата архитектурае “скроен” и со бројни шеталишта и тесни улички.

Историски потекнува од времето на Етрурците, додека Римјаните го претвориле во колонија 180 години п.н.е. Предноста била штое единственото пристаниште меѓу Џенова и Осетија. Градот се развивал, а од 14 век е познат по универзитетот. Се прочул и како родно место на светски познатиот научник Галилео Галилеј.

Магнет најчесто за туристите е Кривата кула, висока 56 метри. Почнала да се навалува додека ја граделе уште во 12 век. Тлото под неа тонело од 1173 година. Градбата била прекинувана и е завршена во половината на 14 век со навалување од околу пет метри. Комплексот бил граден да се покаже моќта на Пиза. Галилео Галилеј на крајот на 16 век од кулата фрлил две кугли со различна тежина да покаже дека брзината на нивното паѓање зависи од масата. Пиза е шармантен италијански град со тесните улички. Привлечен е за разгледување и за подолг престој. Не треба да се штеди времето. Грев да не се “нурне” подлабоко, да се открие темелно со подолги прошетки, барем на еден ден.

Приказната за татнежот на историјата се “чита” уште со неколку знаменитости. Тука е катедралата Свето поле и Крстилницата. Од 1987 година комплексот е светско културно наследство на Унеско. Восхит предизвикува фонтаната на ангелите, изградена од мермер, со интересен дизајн, од 17 век. Пред граѓаните да имаат вода, тука протекла бистра вода.

Глетката ги гали очите од уредениот простор. Пешаката зона Корзо Италија, потсетува на улизата “Кнез Михајлова” во Белград со раскошни уметнички решенија на фасадите и објектите. Мостот  Понто Мецо, долг 89 метри, конструиран како лак, е декориран со бел мермер. Ина брегот од реката се “испрчиле” многу историски градби, но доминира зданието на Градската влада, односно палатите на Гамбакорти и Моска. По речниот премина на сргиот брег се плоштадот Гарибалди и споменикот на Џузепе Гарибалди.

Уживањето не е доволни ниту се прошетка низ тесните улички.

текст и фото Ка.М.

Loading