ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ ДО 25 НОЕМВРИ

Фудбал

Во Втората лига е пауза до 25 ноември, кога е 13. рунда со гостувањето на Победа кај Арсими во Голема Речица, Тетовско. Дотогаш е можност за поправање на слабостите. Атмосферата е подобрена, полесно се дише во тимот на тренерот Јане Николоски, по последната победа со 1:0 (стрелец Филип Димоски) дома над Скопје. Можеше да биде и со повисок резултат против екипата која 81 минута одигра со 10 на теренот, без исклучениот Марко Андоновски. Но, најважно што трите бода се освоени. Во клубот се води педантна статистика, па одбележан е 100-ттиот настап на стоперот Филип Стомнароски, покрај за врска Јорданчо Наумоски, кој пролетоска стигна до бројката 150.

Табела: Беса 31, Детонит 26, Пелистер 24, Охрид и Беласица 20, Кожуф, Тетекс и Башкими 17, Арсими и Новаци 16, Победа 15, Скопје и Вардар Н. 12, Осогово 11, Караорман 10, Саса 7.

Loading