ГОЛГЕТЕР: НА 5 МЕЧА – 15 ГОЛА!

Футсал

Одлично игра тимот на Победа во Втората футсал-лига на Македонија. На последниот меч од 5. рунда, совладан е досегашниот лидер на табелата, Кораби од Дебар, со 6:4. Во убава атмосфера, во салата “Ричко”, домашните беа постојано во водство, а на гостите им успеа само да го ублажат поразот. Предводникот на екипата Никола Трајкоски има на располагање и цврста одбрана, со одличниот голман Давор Илиоски. По ова коло прилепскиот се израмни бодовно со дебарскиот тим. Целта на Победа е поблиску до врвот. Викендов е гостување на битолските Конзули, кои како домаќини редовно играат во Демир Хисар.

Табела: Проект и Јувентус 12, Кораби и Победа 10, Енхалон 9, Партизан Брвеница 8, Университи, Конзули  и Кратово 7, Мал Ајакс 6, Скопје и Шкендија 4, Каршијака 1, Балкан 0.

Loading