ВРАЧЕНИ НАГРАДИТЕ ТРЕТИ НОЕМВРИ

Највисоката општинска награда за животно дело „3-ти Ноември” –  по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, годинава ја понесоа академикот д-р Валентин Мирчески за особен придонес во природно – математички и биотехнички науки, примариус специјалист д – р Благоја Дамески во медицината и општественото живеење и Диме Попоски во сферата на  во музиката, режијата и филмот.

Беа доделени и 9 плакети и 6 дипломи.

Со плакети, се заки групата Д Хаундс за петнаесетгодишниот развој на субкултурата, Гентерм како општествено одговорна компанија, младинската екипа на ФК Победа за афирмација на спортот во Европа, Територијална противпожарна единица за надчовечките напори за заштита на населението и околината, Технобен Нова Прилеп за развивање  на современи трендови во индустријата, Слаткарница ,,Шар”за 60 годишниот јубилеј, ПЗУ Медика Д – р Пецко Десоски за хуманитарното работење во дејноста, групата верни пријатели на манастирот Трескавец за помагање и одржување на духовната врска и Пчеларското здружение ,,Братство”кое постои  70 години.

Награди – дипломи „3-ти Ноември” добија Петар Мирчески кој освои бронзен медал на хемиска олимпијада, Наде Караџоска за истражувачката дејност во библиотекарството, Теодора Димеска која е женски репрезентативец на Македонија во џудо, Татјана Иваноска за посветеното работење со млади уметници, Хари Сековски кој е хуманитарец од дијаспората и Елизабета Настеска за совесното работење во здравствената служба.

Наградите се доделија на свечената седница на советот во Центарот за култура Марко Цепенков.

Loading