Фељтон: Томе Велјановски
Како по традиција отсекогаш имало натпревар меѓу децата до пет-шестнаесет годишна возраст кој прв ќе го запали огнот за Коледе и Василица на средселото. Тој ќе биди најсреќен и бестрашен јунак таа година 1958 за Василица ми се наклони мене. Самецот кој ќе го запали огнот и вика на глас Коледе или Суро зависи кој празник е со неговото викање како провокација ги пробудува неговите конкуренти, спанковци, страшливци. Таа василичина ноќ после полноќ среќата ми се наклони мене, Томе прв отидов со заграб слама ржана и го запалив огнот на средселото.
По кратко време почна да доваѓа други, огнопосетители, сите со материјал за горење за во огнот и за кратко време огнот василичарски на средселото се дигна пламен близу до десет метра.
Со самото доваѓање на василичарите на огнот на средселото сакаа да дознаат кој е првиот човек, лице, кој го запали огнот на средселото да му честитаме за неговата храброст. Откако разбраа кој е првиот потпалувач на огнот, раката на срце сите дадоја предимство и похвала за стореното дело на палачот. Но, со време преку ноќта почна со подбуцнување и шали да префрлуваат меѓусебно, си префрлуваат шали во смеа. А за него не е страшно и чудно, тој е со пракса ако можи на четири годишна возраст во 1945 година во жешката горештина да ја запали нивната ржана слама копа, пак не ќе можел да запали еден заграп слама на средселото во среде зимото каде и се топлел. Некој дофрла е запалил сламата, копата, печел пиперки.
Добија одговор во смеа, што ви е чудно од три копи слама изгорело едно време е жетва и за вршење ќе се намести нова копа со слама. Каде има слама, има и оган, каде нема слама или сено, гумното тагува и никогаш оган нема да го зафати. Ми велите да сум печел пиперки во јули, а додека некој нема пиперки ни во септември, мислете што зборувате, немој преку вашите усти и зборови да се понижувате за пиперки, кој имал и кој печел пиперки.
Си ги отвориле устите како ламји и дофрлате за некоја несреќа ако јас сум изгорел во сламата со кого сега ќе правете циркузи, шали, мене ме спасиле Јанкоски Данчо и Јованоски Алексо, првите гасначи на сламата. Да ве прашам мои другари кога бевме на екскурзијата во пролетта 1956 година каде беа осум села, во квизо Знаење со Дамјансоки Јован освоиме две први места, Јован од прво одделение по математика, јас по историја, каде бевте вие, стоете без знаење со наведени глави како мали утчиња.
Ги предупредив другарчињата мои, видовте лани во есента во 1957 година петгодишниот Атанасоски Гога Танески ја запали средната копа сламата за прехрана на крупната стока. Трајан, дедо му рече нека е живо детето, сега жито ќе насееме в година пак слама ќе имаме. Каде има и ќе гори, каде што нема, нема што да гори. Дојде и пожарна, сламата се избуричка и ожолте, беше употребена за печење леб во фурната и постелена за стоката.
Да ја кажам вистината за палењето на нашата слама. Таа била во летото, месец јули во 1949 година.
Мајка ми беше куќна редовница, месеше леб. Јас и посакав леб, та ами одговори, почекај ќе се опечи лебов, ќе ти дадам топол леб. Се сеќавам во тремчето на излегување од кај мајка ми од старата куќа во камарчето видов еден кибрит уште го викаме и шпирт, беше свртен со сината боја на горната страна, од долната страна сигурно имаше некоја слика, не знам кога сум го зел, отидов во гумното со сестра ми Петра и Донка ги грибаја гумнаат од тревата за вршење. Повеќе ништо не се сеќавам, а се сеќавам пламено, огнот лазеше по сламата. Јанкоски Данчо и Јованоски маваа на огнот со дрвени лопати вршачки. Уште се сеќавам видов големи глувци стаорци кои бегаа од кај нас преку река за кај Мурџевци Ристевци.
Се собрало селото со сиот способен народ за давање помош, гасење на огнот. Носеле вода со разни садови и ги прскале страните на двете преостанати копи за да не се запалат од жештината што гори сламата. Многу аргати си идаше од по полето за помош да не се прошири. Со голема пожртвуваност и храброст можната катастрофа била локализирана и со помош на мирното време се заврши работата како што треба.
Во смеја и пепирки ми дофрлаа другарчињата, имате само стара слама, каде ви е новата. Добиваа одговор, самите вие знаете да ние имаме преку дваесет крупни добици од магариња, коњи, волови и говеда, половината слама ја трошиме по нив, додека половината му ја продаваме на домаќинствата во селото на кои не му достасува храна преку зимата за нивните крупни добици. Не беа национализирани само нашите две копи слами. Ги имаше повеќе слами колективизирани и тоа со одлука на селската управа од с. Марул. Фамилии на кои им беа национализирани сламите беа Велјановци, Јанковци, Ристевци, Јанковци, Богдановци, Колевци, Велевци, Павлевци, Јоновци, Таневци, Крстевци, Таневци Мицевци, Таневци Трајановци речено сите кои имаа повеќе од две слами копи, од две повеќе една слама копа му беше одземена.
Јанкоски Богдан имаше три големи копи слама во гумното сигурно ја дознал работата што ќе биди со одвишокот, од повеќето слами една копа слама му продаде на Турците во с. Канатларци. Кога ја крева сламата дојдоја со петнаесет запрежни воловски коли и во еден ден ја кренаа сета слама од пченица за прехрана за крупната стока во зимата помеѓу 1950/51 година, ние пченичната слама ја викаме уште чиста слама. Остануваат две слами, пченичната слама за перхрана за сопствената крупна стока и една копа слама ржана за домашна потреба за фурната, за фурната, топлење вода за миење, плеслекување, перење алишта итн. Со ваквите планови што ги спроведуваше управата на колективот во с. Марул не протрпе ниту една фамилија во Марул како што имаше по селата и марулци плаќаа големи давачки на државата, сепак со план и труд остануваше и за домаќинствата во с. Марул.
Голема благодарност Неданица Танеска и оддаваше на управата во колективот во с. Марул.
Совлегувањето на с. Марул во колективот во есента во 1949 година Атанасоски Стојчев Недан Танески по негова замисла замина на работа во Војводина за да не подпадни во колективот, дома ја остави фамилијата да се грижи сама за себе си без домаќинска грижа без орач и копач, што се вели. Недан остави девет членови дома на кои му треба помош. Неда Неданица домаќинката, деца осум Петра и Петкана близначки, Милица, Драгица и Марија во склопот со аргатите од трета бригада за потребата при сите земјоделски работи и при вршењето во гумната. Исто така добива благодета како месо и млеко, сирење и други работи пресметано од нивните научници. Не беа оставени да страда. Нивната ангажираност во колективната заедница се чуваше во голема трајност. Хуманоста на колективниот ангажман се откри со растурање на колективот во пролетта во 1953 година. Тоа е еден голем доказ хуман доказ дека во с. Марул немало доушници, кодоши, соработници за власта. Недан домаќинот си дојде од Војводина во пролетта 1953 година после растурање на селскиот колектив. Недан од Војводина во Марул донесе една војводинска кола, запрежна, поголема од нашите запрежни коли и нејзините ѕевгар крупни волови Сивче и Шарко, двата со руса боја. До месецот декември истата година се роди дете машко Војне.