КАМБАНА ЗА ПОГРЕБ, А НЕ ЗА КРШТЕВКА

Камените куќи, осамени сведоци

Необично име има селото Беловодица. У ште понеобична е историјата. Се сокрило во прегратките на Селечка и Дренска планина. Необична е глетка на највисокиот врв, Козјак 1746 метри. Селото постои повеќе од 300 години. Старото било два километри северо западно. Чумата во 17 век го уништила. Караванџиите за Солун, го одминувале, поради смрдеата од незакопаните трупови. Сепак, кладенците ги вратиле на стариот пат. Неколку семејства се вратиле дома од печалба. Се населиле затскриени зад дабовата шума на денешното место на селото.

– Основачите со месеци барале два брата и два вола близнаци, а жените ткаеле платно, една ноќ, без престан, да се заштитат од чумата – е забележано во книга за Беловодица од Драгица Игњатовиќ.

Дел од жителите заминале насекаде, кој во Прилеп, кој во Скопје, кој јабана… Сега ги црпат последните животни капки десетина старци. На оние кои заминале мачно им е што селото се испустило. Го канат градоначалникот на посета.

– Луѓето почнаа да се враќаат. Лете не е пусто, оти има струја, телефон. Привлекува чистата животна средина. Патото е погоден – вели еден од жителите.

Неколку пензионери цело лето се на татковата грутка. Ги повикуваат и ги храбрат заминатите да си дојдат на семејното огниште. Млади нема. Последниот бебешки плач е слушнат пред десетина година. ДететоТоа рожба на еден постар ерген и кој се закуќи со една Албанка. Оттогаш камбаната се слуша само за погреби

Точно 18 километри го делат селото со градот. Беколкумината мештаните кажуваат дека селото првин се викало Белојца. Името го добило по бистрата вода која блеска како сребро на белите камчиња  на Дренската и Белата река. Безброј потоци се слеваат надолу, кои вртеле камењата на водениците. Варовничките карпи, белите мермерни одрони ги миела и мазнела водата. Непроценливото богатство мами со таинствените неоткриени пештери и водите кои рикаат од планините во умерената клима. Селото има две чешми, од кои блика вода. Од едната, ергените ги грабале момите и “бегале” дома со невеста. Реката го дели селото на две маала.

Наместо да се смеат куќите, тиетагуваат од опустошеноста, без чад од оџак. Камени и осамени, со празни дворови и со прекршени чардаци. Заборавен е детскиот џагор во училиштето. Ао имало две паралеки со 80 деца. Го нема волшебството на топлиот сомунчешен во фурната загорена со слама, нема кој да ги “дофати” бистрите кладенци, нема ѕвоци и клопотарци од овците кои ги имало и по три илјади. Исчезнато е блеењето на јагнињата, не се слуша топотот на црните кози, заклани во 1948 година. Беловодица памети многу хектари обработлива површина, која останала, ама за кого, кога нема млади. На каменото тло вирееле жито, крма, памук, афион, тутун, градинарски култури, овошје. Беловодичани произведувале за себе. На пазар носеле само дрва, млечни производи и тутун.

Од 120 куќи, сега нема ниту есетина со старци кои ја кршат камената идила, затскриена во зелениот превез на природата. Камењата говорат на кој ѕид, кој се потпрел, каде се здивнувало, каде се бакнувале младите, чиј бил ѕидот, кој е стопан, која баба посилно удирала на разбојот. Селото го изгризале ветришта, го урнале студови и пеколни лета. Куртулиле само камењата без живот. Се “инаети” Беловодица, без мирисот на планинското цвеќе ,,дремидал,, и пепелестиот цут, кои младите овчари и дрвари го носеле на девојките. Во пазувите на месноста ,,Двор,, блика изворот на кисела вода, познат на селаните, печуркарите и планинарите. Се смета дека имало и подземни пештери и ходници на Козјак и Баба кои воделе до Солун.

Нем сведок е црквата Свети Никола, од 1885 година. Фамилијата Филиповци дала земја да се изгради, а некој Кочо дал пари. Иконостасот е од 1983 година. Порано имало уште две цркви, од кои се останати грамадни камења. Пренесени се икони.

Loading