ЕСЕНСКО САМОНИКНАТО ОВОШЈЕ

Не ги заборавајте есенските самоникнати плодови од кои нашите баби правеа превкусни, лековити џемови. Затоа што зимата била време кога тешко се доаѓало до храна, а таа се собирала, се обработувала и се чувала.

Кулминација на семејната гастрономија е да се отиде во природа и да се набере сé што сега созрева.

Доцното лето и есента е времето на плодовите. Разното диво овошје или бобинки сега дозреваат, чекајќи ги трпеливите собирачи да ги подготват и сочуваат за подоцна. На секој чекор природата трупа шумско овошје.

Шипинката е ,,цар,,. Кај нас има различни трнливи диви вкусни плодови. Една е од најбогатите природни извори на витамин Ц. Мармаладот од шипинка е најпознат мармалад. Нé следи целиот живот. Без разлика на тоа Домашниот мармалад е незаменлив. Се добива од шипинката која омекнала од мразот. Треба малку да се почека со берењето. За тоа време, може да се пие чај од свежа шипинка со вкус на свежина.

Дренката е цврсто мало дрво. Се слави во народните песни. Крале Марко можел од сува дренка да исцеди три капки вода. Мармаладот од дренки направен на старски начин, со напорно неколку часовно мешање со шеќер, е еден од најдобрите подароци кои може да се добијата или да се подарат. При готвењето се остануваат сите витамини. Одлично оди во палачинки. Некои го консумираат со дивеч. Незрелите дренки може да се конзервираат во саламура со зачини и да станат налик на маслинките.

Капинките се најраспространети шумски плодови. Штета е да не се соберат што повеќе. Тони капинки паѓаат на земјата, а се купуваат на пазар. И тоа калемените, кои не ги заменуваат дивите. Не е прашање само на вкус, туку и на напорот да се наберат. И тоа е мало задоволство. Тоа дава ,,подобар вкус,, поради боцкањето при бербата. Но, се исплати да се направи џем или некоја добра штрудла. Можат да бидат и пријатен чај.

Ниту еден есенски плод не е така запоставен како кумарката. Тоа е медитеранска зимзелена грмушка или мало дрво. Портокалово-црвените плодови се околу 2 цм. Кората им е точкеста, слична на градинарската јагодтка. Созрева во октомври со менување на бојата од зелена во жолта, портокалова и светло-црвена. Билката вирее на нашето поднебје.

Loading