КОРЕН ЛЕКУВА БЕЛИ ДРОБОВИ, СИНУСИТЕ И СМИРУВА КАШЛИЦАТА

Ренот е најдобар природен лек за синусите Располага со природна моќ за силно дејство врз респираторниот тракт. Лутиот вкус и арома ги чистат синусите и дишните патишта.

Може да се купи свеж, камен-тврд. Здрав е без мувла и гнили места. Дома се чува во хартиена кеса во фрижидер дури 6-9 месеци. Рендан  не стои долго и ја губи лековитоста. Се ренда и се меша со јаболкова киселина за чување во затворен сад во фрижидерот. Така има неограничен рок.

Се користи во сурова состојба, бидејќи со варењето се губи лековитоста и вкусот.

Ренот е еден од најдобрите природни лекови за синуси. Натрупаниот секрет во синусните канали е погоден амбиент за развој на патогените бактерии. Оваа состојба е болна и непријатна. Испарливите соединенија  од ренот спречуваат акумулација и го разредуваат слузот. Олеснува половина лажичка сок од рен наутро и на пладне. Веднаш се прочистуваат синусите.     Ова растение ублажува симптоми на грип, настинка и тешко дишење. Ситно мелена паста од рен може да се нанесе преку градите. Може да се загрее рендан рен и да се инхалира 5-10 минути.

Се препорачува за лекување на хроничен бронхитис и респираторни болести, бидејќи има способност на силно антисептичко и дејство за искашлување и ширење на бронхиите.

Се ренда корен од рен и се додаваат 4 лажички мед. После 30 минути се истиснува сокот добро и се остава на страна. Ренданиот корен се става да се загрее на пареа или на тивок оган заедно со 10 лажици вода. Откако ќе се соедини и ќе испушти сé од себе, се процедува и се остава да се излади. Потоа се цеди и се соединува со суровиот сируп претходно исцеден. Се консумира по една лажица пред оброк, трипати дневно.

Против кашилица, се меша една лажичка рендан рен со лажичка мед и се консумира секое утро на празен желудник 30 дена.

Против болести на белите дробови се преливаат 10 гр. рендан корен од рен со 200 мл. зовриена вода. Отстојува неколку минути. Се процедува и се пие 2-3 пати дневно во мали чаши за чистење на белите дробови.

Ренот е добар лек за астма. Се варат 4 лажици рендан рен со чаша јаболкова киселина на тивко или на пареа. Кога ренот ќе омекне, се цеди и се додава иста количина на мед. Оваа смеса се вари на тивко додека да згусне, па се чека да се излади. Се зема наутро и навечер по една лажица.

Loading