НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КОЈ Е ГРАДОНАЧАЛНИК!

Живот: Гоце Кочоски, прилепчанец во Шведска

Со 55-годишниот Гоце Кочоски се сретнеме пред заминување во Шведска. Раскажа како е во Калмар, гратчето каде работи и живее веќе 12-13 години.

– Расправии за политика, за партии  никој не зборува во Шведска. Не знаат ниту кој е премиер, ниту градиначалник. И јас  не знам кој е градоначалник на Калмар. Никого не го интересира тоа, па ниту мене. Се им е во ред, погодено и што би им  било грижа кој е на власт – вели Кочоски.

Калмар е мал град од 40 илјади жители во јужна Шведска, на брегот од Балтичкото Море. Гоце, чија сопруга Гордана е во Прилеп, живее со сестра му Славица, преселена пред 28 години и внуката Јозефина, родена таму. Тројцата се единствените Македонци во градот.

Кочоски вели дека и најбогатите се однесуваат како сите други.

– Да појдеш кај богаташ и кај посиромав исто ќе те почестат. Бил кај газдата на фирмата кај што работи, во градежништвото, со молерисување. И се уверил. Иако тој газда пари има сите да не отепа, што се вели, скромно е во неговата куќа. Дури и ручекот што го даде. Се е скромно низ домот од мебелот до покуќнината. Куќата мала, како и сите други, со неколку соби, доволно колку да живее – кажува Кочоски

Тој смета дека тоа е култура.

– Тие се скромни. Колку да имаат пари, живеата нормален просечен живот. И сообраќајната култура е на највисоко ниво. Нема “урлање” по улици со кола, џип или мотор како кај нас. Се вози по прописи. Ако е 20 – се вози само 20 километри на час, ништо повеќе. Никому не му паѓа на памет да се покажува пред другите дека имал некаква нова бесна кола. Нема брзање. Безбедно е за да возиш со врзани очи – воодушевен е Гоце.

Како прилепчанец, го врти разговорот за фудбалот и спортот. Му се допаѓа што и во Калмар живеат спортски. Покрај тоа што масовно возат велосипеди, трчаат или пешачат, сакаат и гледаат спортски натпревари, особено трка со коњи, триатлон, хокеј и фудбал. Фудбалскиот клуб е големо чудо, оти од толку мал град стана шампион на Шведска, пред 15 години. Уште е прволигаш. Како во Прилеп, и таму го полнат стадионот со 12-13 илјади гледачи. Гоце е чест посетител на натпреварите, како и сестра му и внуката, која како младинка била фудбалерка, голман. За да привлечат публика, ги честат гледачите, со тоа што на секое седиште има чоколадо, сладолед или друг сладок подарок.

– За неколку месеци изградија нов стадион. Преполно публика. Нема шанси за некаков инцидент. Мирно, како на концерт. На еден натпревар бев до една навивачка група. Скокаат, рипаат, до нив обезбедување. Малку само се затуркаа, веднаш обезбедувањето ги предупреди и одма се смирија, ни “а”, ни “б”.  Толку беше. Тоа тие е култура. Затоа следата натпревари  секакви, и стари, и млади, и мажи, и жени, и деца – со задоволство ни раскажува Кочоски.

Север е. Многу постудено е отколку кај нас. Додека кај нас и во ноември се шетаме со куси ракави, таму е облачно, нема сонце одамна. Најтопло е јуни, јули, а од август веќе паѓа температурата. Во лето се капат и до 24 часот на полноќ. Затоа што е ден. Денот почнува од 2-3 часот утрото, до полноќ. Сонцето грее до 24 часот, па го снемува два-три часа и пак се појавува. Се легнува и се стануваш со сонце. Ама кратко трае, само јуни-јули.

– Многу се радуваат на сонцето. Празник е, веселба е кога почнува летото, кога се појавува сонцето. Чудно е што нема пердиња на прозорците. Тоа им е традиција, веројатно да бидат отворени кон природата, кон сонцето кое со душа го чекаат. Долг период, со месеци е облачно и одвај го чекаат да влезе дома –  разјаснува Гоце.

Со Гоце пак ќе се видиме напролет, како и секоја година.

Струјата е колку три кутии цигари

– Калмар е град како од бајките. Пrеубаво место, со мали куќи од неколку соби, уrедени улици. Домовите се со центrално гrеење. Жешка вода нон-стоп има секое семејство, колку сакаш, и дење и ноќе, и лете и зиме. Нема стrујомеr, ниту водомеr. Стrујата месечно е евтина, колку тrи кутии цигаrи. Секоја куќа има се на rасполагање. Не може да се случи стrуја да нема некое семејство. Таму дrжавата не остава никого да стrада за леб – вели Гоце Кочоски..

Loading