ЖИВОТНО ДЕЛО ЗА МИРЧЕСКИ, ДАМЕСКИ И ПОПОСКИ

Вечерва се доделуваат наградите по повод 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп

Со највисокото градско признание, наградата за животно дело Трети ноември, вечерва на свечена седница на Советот на Општината и во присуство на гости ќе се закитат академик д-р Валентин Мирчески за особен придонес во природно-математичките и биотехничките науки, примариус специјалист д-р Благоја Дамески во пензија за особен придонес во медицината и опшественото живеење и Диме Попоски за особен придонес во музиката, режијата и филмот.

Плакети 3-ти Ноември, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп  ќе добијат групата Д Хаунд за 15 годишниот развој на субкултурата во Македонија, компанијата Гентерм, како фирма со висока свест за опшествено одговорност, младинска екипа на фк Победа за афирмација на спортот во Европа, територијалната противпожарна единица Прилеп за натчовечките напори за зашитита на населението и околината, компанијата Технобен Нова  за развивање на современи треднови во индустријата, слаткарница Шар за 60 годишнината од постоењето,    ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски за хуманитарниот пристап при работење, група верни пријатели на манастирот Трескавец за помагање и одржување на духовните врски и пчеларското здружение Братство со 70 годишна традиција за унапредување на пчеларството.

Дипломите, 3-ти Ноември, ќе стасаат во рацете на Петар Мирчески за освоениот бронзен медал на хемиска олимпијада, на Наде Караџоска за истражувачката активност во библиотекарството, на Теодора Димеска за високите дострели во џудото при учеството во женски репрезентации на Македонија, на Татјана Иваноска за посветена работа со младите уметници, на Хари Сековски за придонесот во хуманитарните акции на дијаспората и на Елизабета Настеска за совесно работење во медицинската служба.

Пред свечената седница, од 18 часот во ЦК “Марко Цепенков” ќе биде отворена изложба на стари фотографии.

Loading