ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (215) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Со иселувањето на муслиманското население од селата Канатларци, Ерековци и Мусинци од половината на педесеттите години до половината на шеесеттите години на минатиот век во домовите се доселуваат нови жители одкупени со пари доселениците претежно беа од поближните крајбрежните пелагониски села, мариовскиот крај и дел од охридскиот крај, нешто и од струшко. Има и доселеници, дури и од босанските краеви.

Новодоселениците жители во спомнатите села со нив си ги донесоја и куќните слави и продолжија со прослави и во новите домови. Многу беше жалосно гледано, трагично со бакнежи и солзи си заминува за во Турција, многу од нив починати во Турција беа носени за погреб во родниот крај. На куќните слави новодоселените жители си стекнуваа познанство, сватовски врски и си прават посети за куќните слави едни со други. Имаше и зближување на верските традиции помеѓу христијаните и муслиманите.

На верскиот куќен ден Св. Петковден на 26 октомври 1969 година вечерта во една христијанска куќа поради ја заборавив од далечно минато, се потрудив да научам од други луѓе не успеав и не спомнувам. Вечерта на куќната слава дошол и Турчинот Мемет Партизано. Се било добро фофрка Мемет не се поднапил и почнал да префрла по женсакиот пол. Префрлал арно да тој ќе вечера но не сакал да си оди гладен и неговиот другар кој го носи во пантолоните. За тоа негово грубо постапување во една домаќинска куќа бил опоменат од двата омладинци, шеснаесет годишните Орде и Трајче. Мемет место да се смири уште повеќе револтирал под дејство на алкохоло према децата се однесувал уште погрубо, му опцул мајката македонска и уште погрубо се однесол да неговиот другар бара вечера, гладен дома не сака да го носи.

Откако завршил гостилнакот во прекршената ноќ, гостите си разотидуваа за дома, Меѓу нив и Мемет Партизано. Орде и Трајче разреволтирани на Мемет го убиваат. Убиството е извршено во близината до селската џамија. Неговиот гладен “другар” му го отсекуваат и  му го ставаат во устата. Нешто тука за убиството на Мемет не се донаучив, утрото одев во Битола, многу народ имаше собрано на мовчето.

Убиството на Ммемет е пријавено до народните власти односно до милиционерската станица во Тополчани. Доваѓа одредени лица ги приведуват осомничените лица во службената кола на сослушување со поставената лента за снимање, убијците во сослушувањето ништо не признале. А додека оставени насамо во колата нивниот меѓусебен разговор бил сосема различен од сослушувањето. Разговорот преку лентата потврдил да тие се сепак убијците и делото си го признале.

Убијците преку судски закони беа осудени на подолги години затворска казна. Најповеќе добија подолга затворска казна затова што природниот дел му беше поништен и ставен во устата. Законот за нивната малолетност не можеше да ги брани со ваквото грозоморно дело. Убијците казната ја одлежаа, си дојдоја пак на слобода.

Нивната психа и свест дали ги тераше ти си знаат. Додека убиениот Мемет заврши со животот засекогаш меѓу 26-27 октомври 1969 година во родното место во с. Канатларци. Податоците за Орде и Трајче се следните.

1.Ѓурчески Блажев Орде роден во с. Вепрчани, Мариово

2.Димкоски Ванчов Трајче Тантушки роден во с. Бонче, мајка му на Ванчо Трена му е ќерка на Дамјаноски Васил од с. Марул. Моето познанство за нив е од школските денови во с. Канатларци.

Завршена е темата со настанот на Божик во село Мојно и убиството на Мемет во с. Канатларци. Се враќаме и продолжуваме за после божикните денови во с. Марул во 1958 година.

Како што спомнаме порано да последниот ден на Божик со настанот, случката во с. Мојно заврши неславно, невесело. Народот си разотиде после таа несреќа, селото Марул поново оживна, се развесели. Оџаците на куќите и кујните почнаа да чадат, во собите за топлото ив о кујните каде се припрема јадење. Народот традиционално ги издржа шест неделните божикни пости. Сега ги заменува со разни мрсни јадења. Мазници, сарма, пифтии, сланина, мекици или наречени мрсни питулици пржени во тава. Секое домаќинство има свинско топено сало и пржени џимиринки, треб ада се потрошат додека н есе затопли иначе почнува да збајатисува, миризбата и бојата ја менува, тоа што ќе остани оди за сапун варење. Нема да заборавиме да од свинското месо се прави варена чадена пастрма.

Откако ќе се заколи свињата во есенското време ќе се суреди месото, по некоја вечер се прави јадење од закланиот крмак – свиња. Се покануваат колачите и поближни пријатели свинската глава се припрема посебно печена без долната вилица и ушите. Посебно се вари чорбесто јадење со компири или кисела зелка, тогаш свинската глава со дел од месото се вари и варена се сервира на софрата. Исто така, главата се печи помешана со компири во тепсија во фурната, завис колку гости ќе бидат присутни. Вечерната слава се залева со жесток пијалок. Пред вечерата гостите се послужуваат и со топла ракија. За време вечерата гостите се служат со пресно вино за машкиот пол, а додека шира или вино од лисичино грозје се послужува женскиот пол. Ако на вечерата има присутни весели гости, музиканти, се слуша и песна, а некаде ќе писни и гајда за оро. Таква традиција била во Марул од памти век.

Иако времето е зимно, сепак селото е весело. Во сите трла блеат мали јагниња, ги бараат своите мајки и обратно, мајките ги бараат своите јагниња. Малите деца штотруку ќе станат од спиење со триење на очињата прво одат во трлото да ги видат јагнињата и да проверат дали има објагнето други јагниња. Тоа е радост за сите во куќата поготово за децата. Порано објагнетите овци ќе пасат во рано посејаните огради со жито, јачмен, сега збунети во растот наречен озлаг. На секое прво и последно јагне му се става пувка од разнобојни конци и се викаат раниче и сугариче.

Наближува денот Василица – Суро поново радост за малите деца. навечер во секое маало горат огнови и се вика со сладок дечки глас суро – суро. Вечерта пред Василица имаше запалено на сред селото заеднички оган од трите маала со висок пламен. Секогаш имало натпревар помеѓу младите момчиња до пет шестнаесет годишна возраст кој прв да го запали огнот за Коледе и Василица Суро во ноќта после полноќ се смета за храбро и бестрашно момче, за него е голема храброст. Делачите на булината веќе го знаат кое момче е што го запали огност некаде по куќите го наградуваат со по две булина или колбавчиња. Оваа година ми припадна за Василица јас да го запалив прв огнот.

Loading