УСПЕШНА СЕРИЈА НА ПОВИДОК

Фудбал

В сабота (13 ч.) е 10. коло од Втората лига, во кое Победа на стадионот “Гоце Делчев” е домаќин на последниот Караорман. На повидок е успешна серија, оти влеваат надеж претходните два резултата (победа од 2:0 дома со Детонит и реми 0:0 со Кожуф во Гевгелија). Плус, се ближат можности за бодови како од гостувањето кај Вардар во Неготино, дома со Скопје… Важно е што е освоен првиот бод на гости, со ремито во Гевгелија.

Табела: Беса 22, Детонит и Охрид 19, Пелистер 18, Кожуф и Башкими 16, Беласица 15, Тетекс 14, Победа 12, Новаци и Арсими 10, Скопје 9, Осогово и Вардар Н. 7, Саса  6, Караорман 4.

Loading