Разнебитена, ограбена, прекрстена, понижена и ретуширана, со власт на шуто и рогато, будалаштините ќе се изучуваат како пример на најуспешен (анти) образовен проект. Муртинска историја на дело. Пофалби од Малевски и Ружин, вечно дежурните по потреба. За тоа да се направи, не треба да си херој, туку потребно е само омраза кон сопствениот, македонски, народ и држава. Перверзни образовни “реформи” со кои се менува историскиот, културниот и духовниот идентитет на Македонците.
По падот на еднопартискиот систем, поранешните политичари не исчезнаа од политичката сцена, туку продолжија да владеат според моделот “татковци и деца”, фамилијатен олигархиски концепт на кој подоцна им се приклучија и амнестираните терористи. Зошто не го послушаа нашиот К.П. Мисирков: “Млоста кон народниот јазик е наш долг и наше право. Затоа што е наш, како што е наша и татковината”.
За потсетување, во село Подвис, во септември 1943 година е одржан прв час на македонски јазик на слободната територија.
Професор во Јужна Африка: “Да уништиш една држава и народ не се потребни нуклеарни бомби. Доволно е да го намалите квалитетот на образованието”.
Како имаат образ да зборуваат за европски вредности и европска иднина, а употребата на европско знаменце ја прели чашата. Име можат да сменат, а не можат без европско знаменце. Хорор, држава, накриво насадена. Над 20 барања се инкорпорирани и претставуваат дел од преговорачката рамка. Нашите надлежни – безнадежни, сами си презеле обврски во перверзниот “француски” предллог. Терористичко загрозување на уставниот поредок.
Во Македонија многу работи одамна се надвор од здравата памет. Потребен е кај нас мерит систем на вработување по заслуги, компетентност и соодветни квалификации. Таков систем треба да остане вечен, а не некој си етнички балансер.
Повеќе нема да се брои кој и колку се исселиле од државава, туку кој и колку останале.