НА ПАТЕКАТА НА ГОЛГОТА

Израел – Светата земја

Посебно чувство владе со предизвикот да се престојува во Светата земја Израел, или како што некои ја викаат Јудеја. Таму 20 векови се брануваат цивилизациите,затоа овој регион е толку атрактивен.

Светата земја е подалечната историја позната во Стариот Завет. Опишана  е како “ветена”. Израел е местото каде, според Библијата, е создаден првиот човек создаден од Бога, кој, заради гревот е избркан од Рајот и е соочен со сите предизвици на овоземскиот свет. Низ столетијата одбраниот народ од Бога се соочувал со прогони, казни и уништувања. По Божја милост, бил оставен да опстојува.

Сликата за Израел е поинаква со слегувањето од авионот во Тел Авив. Се гледа модерен град со облакодери на метропола од 22 век. При првата контрола, јасно е дека е земја каде безбедноста е на највисоко. Се упатив кон Витлеем или, како што се нарекува, “Градот на лебот” или “Градот на царот”. Овде е другата светлина на Израел, бидејќи се наоѓа на непризнаената автономна област, Палестина. Има светлина на слаб просперитет, назад низ вековите. Луѓето живеат сиромашно, одделени од еврејските делови на Израел, физички, со ѕид висок десетина метри и долг околу 730 км. При влезот од една во друга територија има контроли на израелските војници. Лебди страв од терористички напади на радикалните групи. По 60 години, да се премине ѕидот е потребна дозвола, и тоа само во одредени денови. Затоа голем дел од палестинското население од другата страна на ѕидот не го виделе Витлеем, иако е оддалечен од Ерусалим едвај 10 км. Палестинци, христијани има исто колку и муслиманска. Поделена е црквата градена на пештерата на Христовото раѓање. Кај јаслите припаѓа на Грчката православна црква, а другата страна е римокатоличката катедрала. Спротивно се наоѓа џамија. Нормална љубопитност е да се ѕирне што е тоа што опстојува повеќе од 20 века. Величенствено е поклонувањето на колевката каде според преданието, преку девицата Марија дошол на свет синот Божји и Спасителот наш. Тоа е просторот каде биле сместени овците, бидејќи немало место. Отогаш времето е поделено на две ери, пред нашата и во нашата ера.

Во Бет Џалае црквата посветена на Св. Никола. Потоа доаѓа Полето на пастирите, каде на Божикната ноќ ангелите ја соопштиле радосната вест за раѓањето на Спасителот. Длабоко во палестински Хеврон е Маврискиот Даб, каде праотецот Аврам бил удостоен да ги пречека Светите Тројца. Местото се спомнува во Стариот Завет. Овде Бог решил да се уништат градовите Содома и Гомора, бидејќи луѓето живееле во неморал и расипништво. Денес таму е Мртвото Море, во кое нема живот.

Вредните и рационални Евреи успеале пустината да ја направат плодна во комбинација со науката и реалноста. Воведен е и унапреден системот за наводнување, “капка по капка”. Затоа Израел е голем извозник на земјоделски производи.

Тука е. Туберијас. Современ туристички град на 400 метри под нивото на морето. Тибериското Море е всушност, езеро, единствено на светот со морска и езерска вода која не се меша меѓу себе. На дното тече реката Јордан, во средниот слој има солена, морска вода, а на површината слатка вода. Тоа е најголемиот резервоар на вода во Израел. Во езерото има 153 видови риби. Одовде потекнува преданието, кога после Воскресението, Исус отишол кај своите ученици и ги пронашол покрај Галилејското Море во очаен обид да ловат риби, па со совет на Синот фатиле 153 риби, колку што има видови и ден денес. Тука е Табаха, каде, Исус нахранил 5000 мажи со пет леба и две риби.

Светиот град, Ерусалим, е поделен на еврејски, палестински и муслимански дел. Качувањето не е лесно, бидејќи е високо, небаре се качува кон небото, блиску до покајувањето, страдањето, воскреснувањето… Тука е најсветото место за христијаните, гробот на Исус Христос. Овде Тој ја победи смртта и доброволно се предаде на најтешки маки за спасение на другите. Овде Тој го измина патот на страдањето, носејќи го својот крст. Пред распнувањето на Голгота, што во превод значи костурница, има една порта наречена Пресудна порта. Таа била последната пречка каде осудените на смрт со распнување можеле да добијат помилување. Тоа е познато од Римското право што се применува и во нашето правосудство, односно правото на повторно судење.           

Импресиите за Израел се силни. Не се пренесуваат. Единствениот начин да се доживее Светата земја е да се појде до историските, културните и религиозните места со огромно цивилизациско значење.

Зоран Велкоски

Loading