НОВО ЛИЦЕ НА ПОБЕДА

Фудбал

Кога очекувањата не беа големи, Победа со 2:0 (стрелци Филип Стомнароски и Алекс Горгиовски) го совлада третиот на табелата, радовишки Детонит. Прв меч и веднаш победа на новиот тренер Јане Николоски. Не само резултатот, ами и играта е подобрена, па оптимистички се гледа кон продолжението на Втората лига. Следниот меч е со Кожуф во Гевгелија на 21 октомври, така што паузата е добредојдена за поправање на слабостите.

Табела: Беса 21, Пелистер 17, Детонит и Охрид 16, Кожуф 15, Тетекс и Башкими 13, Беласица 12, Победа 11, Новаци 10, Арсими 9, Скопје 8, Осогово 7, Вардар Н. и Саса 6, Караорман 4.

Loading