ПРИЛЕП ОСТАНУВА СУПЕРЛИГАШ

Ракомет

Екипата Прилеп и во следната сезона останува член на Супер-лигата на Македонија. Во салата на СОУ “…Ричко”, Прилеп – Еурофарм Пелистер 2 – 31:24, во последното 14. коло од плејаутот. Одлична игра на прилепскиот тим, со водство на целиот меч. Заслугата е на екипата, предводена од стрелците – Христи Бикоски и Никола Цветаноски со по 7 гола. Беше последен меч за Филип Велески, кој ја заврши кариерата. Гостите од Битола со поразот паднаа од првото кон третото место од табелата, бидејќи ги надмина и Куманово преку победата од 29:27 со Мултиесенс во Скопје. Од Супер-лигата отпаѓаат пет тима Мултиесенс, Вардар Н., Голден арт, Скопје и Аеродром. Бараж играат Еурофарм Пелистер 2 и Радовиш, второпласиран од Првата лига, а нов суперлигаш е Бисинов од Велес.

Табела: Прилеп 36, Куманово 35, Еурофарм Пелистер 2 – 33, Вардар Н. 24, Мултиесенс 23, Голден арт 19, Скопје 6, Аеродром –12.

Loading