ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА 11 ОКТОМВРИ

Денот на народното востание, 11 Октомври традиционално беше одбележан со многу активности. На празникот, цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, потоа пред Кузман Јосифоски – Питу и на Могилата на Непобедените, положи владината делегација предводена од заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи. Цвеќе положи и делегацијата од Оптина Прилеп, од политичките партии и здруженија на граѓани се поклонија во Могилата на непобедените.

Во празничното одбележување, се вклучија и учениците кои по пет години повторно го креираа развиореното државно знаме. Не изостана ниту традиционалниот огномет. Празникот беше надополнет со низа културни и спортски случувања.

Loading