ВЕЌЕ СМЕ ЈУКАНТРИЈА ИЛИ ДИСКАНТРИЈА

Кукловодите не ги есапат властодржните измеќари, ниту пак суверенитетот на државата која од “респект” ја нарекуваат “Јукантрија” или “Дискантрија”, а  Македонците православни луѓе. Тоа е и желбата на Грција, која уште го нема ратификувано погубниот договор од Нивице. Премиерот Борисов заедно со Грците направија заговор за растурање на Македонија. За Грција, зборот Македонија е нивна регионална сопственост. Со тоа и терминот Македонец како и придавките македонска, македонски, македонско, преземањето на целата македонска антика и бришење на македонското малцинство. За Бугарите, тоа што останува, македонскиот јазик, (нивни дијалект) историја, преродбеници, револуционери, Илинденско востание и, се разбира, непостоење на македонското малцинство. Со уставните измени тоа и да се верифицира и нема да имало други барања. А што друго останува? Да, територијата, но тоа е запишано во Призренскиот албански план. Ајде да ги потпрашам Бугарите, со кој јазик дојдоа на Балканот. Одговорот е, со турко-монголскиот. Вашиот јазик е дијалект на Античките Македонци и Словени. И ве похристијанивме.

Спиевме кога се бараше будност, кога се потпишуваа сé и сешто. Во владата имаме отсуство на образована интелигенција која може да нé чини губење на државата и нацијата. Голем процент од  функциите  заземаат чускии и интелектуални евнуси. Дефектот со знаење, ниска култура и умствена ограниченост, ја компензираат со одважно и грубо однесување. Тие се далеку од европски вредности. Западните притисоци не само што немаат влијание, туку создаваат контраефект. САД и ЕУ “грижливо” ја кројат иднината на Македонија на “балкански начин”.  Во 1944 и 1991 година  нашата држава решаваше сама за себе. Денешниве родоотстапници и предавници ја препуштија грижата на старатели од соседството и евроатланските камшикари

Да бидеш  горд дека си “Европа” денес е да си глув и слеп пред сопствената историја, но и пред светот. Веќе Африканците му ја покажаа вратата на Макрон и му велат сиктер. Веќе им е доста од фамилии наметнати од надвор кои работат за својот џеб и за надворешните господари. Како Тачиња и Зочиња наметнати од надвор, а кои од Македонија направија мртовечница? И ако ним не им кажеме “доста е”, “сиктер”, тогаш ја заслужуваме оваа смртна пресуда наречена “проевропска власт”. “Ние сме Европа”, ми велат, а јас сум Македонец, им велам.

Не сме способни основно образование и здравствена заштита да обезбедиме. Години наназад на Онкологија бизнисот цвета, а пациентите умираат. Тамошните монструми го обновија Аушвиц на Онкологија. 

П.С. Нашиот гениј Блаже Конески во своите стихови вели “…па зар е тоа некаква утеха да плукаш по гнаси”.

ПРИМАРИУС  ДР   Б .  ДАМЕСКИ

Loading