ДЕЛЕГИРАНИ ТРОЈЦА СУДИИ ОД ДРУГИ ГРАДОВИ

Во Судот

Судскиот совет делегира дел од новоизбраните судии во основните судови во внатрешноста каде што постои најголем недостиг, а не се пријавил ниту еден од кандидатите. Тројца судии се делегирани во Прилеп. На период од една година Кирил Георгиев и Фросина Стојановска од кривичниот суд од Скопје и Иван Колевски од основниот суд во Битола ќе им ја олеснат работата на колегите во Прилеп.

Делегираните судии се таму каде што според анализата на Советот, состојбата е најалармантна.

За потребата од ангажирање на судии за весникот Зенит неодамна се осврна и Јасмина Шишковска Стојковиќ, в.д. претседателот на основниот суд во Прилеп. Таа посочи дека освен недостаток на судии, има дефицит на административен и полициски кадар.

Loading