ПОЕТСКА ТВОРБА ОД ИРЕНА ИРАКОСКА – ТОМИЌ

„ПРИНЦОТ НА МОТОРЦИКЛ“

“Минаа многу рамноденици.

Ти дојде и ми го понуди

Твоето кожно палто

Во случај да ми е ладно;

Ти понудив јас превоз

До незамисливите височини

На прифаќањето и безусловното –

сакање и битисување”                    

Ова се само дел од стиховите во збирката “Принцот на моторцикл” од сограѓанката Ирена Иракоска – Томиќ.

Иако дипломиран физеотерапевт, Иракоска, пишува од душа и со срце. Збирката е селекција од 50 песни, меѓу многуте други, пишувани 18 години.

-Темата е главно љубовна, како и размислувања за тоа што е вистинско посакувано и коректно, наспроти бунт кон лицемерието, површноста и пакосноста. Иако сите песни се во прво лице еднина, не се сите автобиографски, туку се стремат да ја интензивираат емоцијата кај читателот. Затоа е употребен токму тој стил – вели авторката.

Иракоска е авантурист, љубител на животни,и на пишаниот збор. Во 1999 година ја објави стихозбирката за деца “Мојот свет”.

Таа, инаку, е поранешен репрезентативец во карате.

Loading