ПОЧНА ПРИЛЕП ЏЕЗ ВИКЕНД   

Со концертот на Џенгис Ибрахим на локалитетот Врбјанска чука, почна 12-тото издание на Прилеп џез викенд. Синоќа на малата сцена од ЦК “Марко Цепенков” настапија Добрила Грашеска и Доријан Јовановиќ со проектот “Пиле Шарено”. Од познати до непознати песни од македонското поднебје, со поинакви аранжмани и изрази, отворено е ново поглавје со различен дискурс на нешто колку познато, толку и непознато. Следеше  најновото сновидение на Јордан Костов. Вечерва ќе настапат на сакс-бас-тапани, тројца млади членови на Соотхсаѕер бенд. После доаѓаа ФОЛТИН, македонскиот познат  бенд од 1995 г. Утре, сабота, е резервирана за гостите од Србија 3ГОНОМЕ3, моќно експериментално трио на саксофон, тапани и контрабас и за Интергалактик мјутант фанк.

Loading