ДЕЛА НА УМЕТНИЦИТЕ ОД ДЛУП

Изложба

 “Креации од ноќта – уметност инспирирана од соништата” е тематската изложба на дела од 15 уметници, членови на ДЛУП, што ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков”.

-Симболиката на сонот служела за одгатнување на психичката активност на потсвеста и начинот на која влијаела врз однесувањето на поединецот во секојдневието. Сонот е особен предизвик и инспирација за група современи уметници. Со нивните основни концепти и принципи, создадоа дела во зависност од уметничкиот афинитет и со помош на разни техники и материјали – велат од ДЛУП.

Loading