„ХАМЛЕТ“ НА СЦЕНАТА ОД ТЕАТАРОТ

Ансамблот на театарот ја подготвува претставата “Хамлет” од Шекспир, во режија на Бранко Брезовец. “Хамлет” е врвно дело на англиската и светската литература, во кое се говори за опседнатоста на данскиот принц Хамлет со идејата да се одмазди за смртта (убиството) на својот татко.

Брезовец вели дека му е голем предизвик.

– Првата наша соработка “Антица” беше многу успешна. Работевме опуштено и со взаемно разбирање. На оваа битова драма и пристапивме мошне спектакуларно, со модерен сценски јазик. Актерите гостува во Загреб и во Лајпциг. После соработувавме со  “Глембаеви” од Крлежа, врвен текст на хрватската драмска книжевност. Претставата мина одлична со врвни актерски интепретации. Театарот гостуваше неодамна во Загреб, а публиката беше фасцинирана. Заедничката доверба има цврст темел. Со Хамлет се подигаме на врвот во драмската писменост. Го работев со Турскиот театар во 1995 година. И таа претстава имаше извонреден ориентален призвук – вели Брезовец.

Хамлет не може да верува во задгробните пораки од татко му. Мора да види непосредно убиство, за да реагира, а не, некој да му раскажува. 

– Имаме одлична поделба која се темели на Глембаеви, а Глембаеви се некоја варијација на Хамлет. Ќе биде помал нагласокот на осветата. Таа тема, во овие краеви, за среќа, се расплинува на почетокот на 2000-та. Во претставата се работи за проблемот на честа, која за Хамлет е врвен морален принцип. Јасната работа не е отфрлена, но е релативизирана и како да се укажува на некои компромиси – објаснува режисерот.

– “Да се биде или не” како да се разлева истовремено и да се биде и да не се биде. Се работи за приближување на некој нов идентитет за кој веќе зборувал  Ибсен кога човекот го споредил со кромид, а како што знаеме кромидот се состои само од лушпи и нема цврсто јадро. Така и претставата нема да биде врзана за своето матично јадро, сцената, туку ќе се разлева низ целиот театар и ќе можете да уживате во микро играта, во стеснатите простори и во вистинската патетика и благородна ширина на актерските гестови по должината на целото гледалиште и сцената – вели Брезовец. 

Според него, “Хамлет” ќе биде претстава на жестока колективна игра, на цврста актерска екипа и заедничко уметничко разбирање, па не барајте од мене некого да издвојам.

Премиерата  се очекува на средината на октомври.

Loading