ГОСТИН Е ПОСЛЕДНОТО ОСОГОВО

Фудбал: Победа

В недела (16 ч.) е 4. рунда од Втората фудбалска лига, а Победа вторпат во серија игра дома, со Осогово. Се очекува победа, по поразот во Куманово од Башкими (1:2) и по киксот дома со Охрид (0:0). Прилепскиот тим е фаворит, со оглед на четирите бода есенва, наспроти кочанскиот кој нема бод.

Табела: Беса, Пелистер, Кожуф, Детонит и Башкими по 9, Победа 4, Арсими, Караорман, Беласица, Новаци и Тетекс по 3, Охрид, Скопје и Саса по 1, Вардар (Н) и Осогово 0.

Loading