ДУХОВЕН ВРВ ПОЛН СО БЛАГОДЕТИ

Света Гора

Света Гора е највисока на светот, поради духовните врвови. Затоа сон на секој православен христијанин е да го посети ова светилиште на еден од краците на северниот дел од Егејското Море, каде жените немаат пристап

Света Гора – Атос претставува духовна престолнина на православното христијанство, и можеби едно од ретките места кое не се сменило од основањето до денес. “Буката”ја создаваат звуците на камбаните и од пеачите кои принесуваат молитви и служби на Бога. Така илјада години, строго пазејќи ја манастирската традиција и монашкото предание.

На Света Гора се среќаваат монаси од сите националности и раси од светот. Го оставиле светот подалеку од себе си и се распослале на дваесетината  на манастири. Некои личат на средновековни тврдини, некои се големи колку мали градови. Без разлика дали се во девствените шуми или се кренати на брегот до морето, на полуостровот нема ништо друго освен манастири, скитови и ќелии. Според манастирското уредување, монасите јадат двапати дневно после утринската и после вечерната богослужба. Секоја трпеза трае по 10 минути. Не се јаде месо. Единствениот глас што се слуша за време на оброкот е од монахот задолжен да чита од светите книги додека траат исхраната. Кога не се на богослужби монасите работат. Манастирскиот живот е скоро независен од надворешниот свет. Секој манастир произведува храна, шие облека, дури има и амбуланти за лекување на старите, болните и повредените монаси. Најчесто се празни манастирските амбуланти. Речиси нема заболувања од рак, срцеви удари, алцхајмери, или било која болест. Имаат и свој систем за производство на електрична енергија и централно греење. Забранет е пристапот за жени на Света Гора. Тоа не е традиција. Манастирите сакаат да го зачуваат мирот на монашкиот живот. Според статутот на Света Гора, свештеничката администрација ја избира административно тело наречено Света заедница, чие седиште е во Кареа. Дваесетте манастири се поделени на 5 групи од по 4 манастири.

Процедурата за пристигнување на Света Гора се остварува со контакт и дозвола од манастирот каде што се оди. Треба да се добие дозвола за посета на Света Гора на име со податоци. Се виза за престој од канцеларијата во гратчето Уранополис. Од пристаништата до манастирите има минибуси за посетителите. Гостите се носат до манастирот, а оние кои го завршило времето за престој се враќаат на пристаништето. За посета на повеќе манастири, потребна е дозвола.

Јулијанскиот календар има разлика од 13 дена од грегоријанскиот кој уште се користи на Света Гора. Таму се раководат по Византиско време. Денот почнува на зајдисонце, и тече литургискиот ден, а не на полноќ како во остатокот од светот. Поради тоа што временскиот интервал од зајдисонце до зајдисонце е различен, промената се прави неделно. Некои манастири имаат и часовници кои покажуваат цивилно време, поради тоа што распоредот на бродовите се раководи по тоа време.

Само духовно раѓање

Света Гора е автономна територија во Грција. Канонски и духовно е под јурисдикција на Вселенската патријаршија во Цариград. Во главниот град Кареја се сместени управните органи.

Света Гора е парче земја на Небесата и Божествен рај на земјата, кое е преполно со благодат. Земја без телесно, туку само со духовно раѓање. Како манастирска заедница била основана во 963 година од монахот Атанасиј кој го основал најзначајниот манастир, Голема Лавра. Првин сите манастири биле општежителни, но во 14  век, со развојот на исихазмот, се појавува монашкото живеење, пустинско, осамено. Иако цариградските патријарси биле против, овој начин се проширил. При крајот на 17 в. сите манастири станале неопштежителни. Подоцна се појавил обратен процес. Имало и општежителни и неопштежителни. Денес сите светогорски манастири се општежителни, управувани од игумен.

Loading