БАДИЈАЛА ГРАДСКИ ЗА 5000 ПЕНЗИОНЕРИ

Околу 5000 пензионери со примања до 12500 денари бесплатно ќе го користат градскиот сообраќај. Ова е одлуката на Советот која стапува на сила веднаш, откако пензионерите ќе поднесат барање во ЈП ПУП и доказ дека нивната пензија е под 12500 денари. За неколку дена, тие ќе добијат картичка за превоз во автобустите без пари за неограничен број на превезувања за една година. Картичката ќе се користи со лична карта.

Со овој потег Советот претендира да ги ублажи финансиските тешкотии на слабо ситуираните пензионери.

Советот даде виза за стипендирање на 20 студенти на Економскиот факултет. Околу 250 илјади денари годишно ќе се поделат на 10 студенти со највисоки оценки и на десет со високи оценки и од семејства со социјален ризик.

Loading