РАДОСТ ПО 10 МЕСЕЦИ

Фудбал: Победа тргна одлично

По безмалку 10 месеци и серија од 21 меч без триумф, (последниот беше над шампионот Струга дома на 26 октомври 2022), во саботата Победа победи. На стартот од Втората лига, со 5:1, совладан е Тетекс, со головите на Филип Димоски, Дарко Грозданоски, Јорданчо Наумоски, Анатолиј Петејчук и Филип Спиркоски.

Висок резултат за високи очекувања. Така е секогаш меѓу прилепчаните. По отпаѓањето од Првата лига, заминувањето на многу играчи и бледиот биланс на пријателските мечеви летово, симпатизерите беа со скромни очекувања –  опстанок. По првиот успех, преку убави акции и атракивни голови, погледите се кон горниот дел од табелата. Плус, до крајот на преодниот рок (6 септември) има можност уште за некое засилување, покрај осумте новодојдени – голманот Иван Николоски (одбрани пенал), одбранбените Мартин Талески, Валентин Белески, Христијан Кукески, за врска Алекс Ѓорѓиовски, напаѓачите Филип Димоски (го даде првиот гол), Беким Алимоски и Дарко Грозданоски (стрелец на вториот гол). В сабота за екипата на тренерот Филип Мирчески е гостувањето на Башкими во Куманово, тим кој во 1. рунда дома со 1:0 го совлада Охрид.

Табела: Победа, Беса, Кожуф, Новаци, Пелистер, Башкими и Детонит 3, Саса и, Скопје 1,  Вардар (Н), Охрид, Аресими, Беласица, Караорман, Тетекс и Осогово 0.

Loading