3Д ХАРТИЕНИ ФИГУРИ ИЗРАБОТУВА ЈОВАН ДАМЈАНОВСКИ

Креативност во летен распуст

Со многу концентрација и смиреност, Јован Дамјановски (10) изработува 3Д фигури од хартија. Иако, креирањето тродимензионални форми е напорно и сензитивно, за завршениот петтоодделенец од ОУ “Кочо Рацин” е задоволство. Од мали нозе има желба и голем талент за цртање и обликување на фигури, изработени од пластелин или глина, склопување на разни хартиени изработки, оригами и сл. Инспирацијата е од интернет мрежата.

– Изработката на фигурите ме исполнува и ме прави среќен и комплетен. Особено сум задоволен кога ќе ја завршам креацијата. Создавам во слободното време, а поинтензивно при летниот распуст – вели Јован Дамјановски.

Мотивацијата ја поттикнуваат класната Цветанка Караѓулеска и наставникот по техничко образование Сокле Митрески, како и родителот Михајло Дамјановски кој има добри компјутерски знаења.

– 3Д обликуваните хартиени фигури ги прави со помош  на програмата пепацура Десигнер, каде што има постапка за помош на изработка 3Д фигурите. Има одлично познавање на компјутерски и андроид апликации, водено од моја помош. Нормално, како секое дете, вљубеник е во компјутерските игри. Работи со голема концентрација и внимание. Често знае со упорност да ја преправи фигурата за мала грешка – објаснува таткото Михајло Дамјановски.

Креативноста во летниот распуст е подготовка за предизвикот за новата учебна година. 

Loading