„ОСОГОВСКИ ИЗВОР“ СЕ ЗАКИТИ СО ГРАН ПРИ

49.фестивал Пеце Атанасовски

Изворниот оркестар “Осоговски извор” од селото Оризари ја доби Гран при наградата на 49-от Фестивал на народни инструменти и песни “Пеце Атанасовски” одржан во Прилеп и на Рудина во селото Долнени. Наградата “Гајдата на Пеце” отиде во рацете на Роберт Митров од селото Јаргулица, Радовишко. Специјални награди добијаа учесниците од Србија и Бугарија и исполнители од Македонија.

У чествуваа околу 300 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на Македонија и гости од Србија и од Бугарија.

– Се негува, се зачувува и се пренесува богатиот изворен мелос на новите генерации. Доаѓаат и млади. Пред јубилејот , половина век на Фестивалот, горди сме што придонесуваме да се негува богатиот изворен мелос – вели д-р Родна Величковска, уметнички директор.

Се одржааа семинар за изучување на народни инструменти и песни и симпозиум за фолклорот во минатото и денес.

Loading