ИЗЛОЖБАТА МИНИЈАТУРИ ФЈ/П ОД ФИЛИП ЈОВЕСКИ ВО БРЕМЕН

Нашиот уметник Филип Јовески со изложбата “Минијатури ФЈ/П” се  претставува во Остерхолц-Шармбек, Бремен, Германија. Станува збор за низа од 41 експресивни минијатури дефинирани преку движењето на линијата и формата во дводимензионалниот простор.

– Делата се во комбинирана техника на акрил и сув пастел со големина од 20/14см. Ова е прв дел. Предвидено е како серија на соло интерактивни изложби, под мотото “Уметноста во служба на неформалното образование” – вели Пејкоски.

Јовески имал три самостојни изложби (2 во Прилеп, една Кавадарци). Учествувал на повеќе групни изложби. Беше учесник на Лесновската интернационална уметничка колонија. Преокупација сега му се магистерските студии на ФЛУ во Скопје.

Loading