АПЛАУЗИ ЗА „ГЛЕМБАЕВИ“ ВО ЗАГРЕБ

Ансамблот на театарот со претставата “Глембаеви” во режија на Бранко Брезовец, гостуваше во Загреб на фестивалот посветен на Мирослав Крлежа. Во сатиричниот театар Керемпух, се уживаше во изведбатата, за која критиката ја оцени како нововековната тајкунска чудовишност. Публиката ги награди актерите со аплаузи.

Со фестивалот се одбележуваат 130 години од раѓање ма Крлежа.

– Понудена беше богата и разновидна програма. Манифестацијата е дел од загребското културно лето и место за средба на Крлежа со уметниците и публиката – велат организаторите.

Инаку, продолжува соработката на театарот со Брезовец. На крајот на август продолжуваат подготовките за претставата “Хамлет”. Веќе се поделени улогите. Премиерата е предвидена за почетокот на октомври.

Loading