ЕВРОИНТЕГРАТИВЕН ЌОРСОКАК

Толку работи се случуваат  и покрај нашата волја. Дури и наспроти неа. И ни се одредува животот. Го избрале она што никогаш и со ништо не смееле. Што може тогаш човек да прави? Каде е неговата слободна волја. Можеби во начинот како се прима искушението. Болката. Поразот. Понижувањето. Стравот.

Марко Мрњавчевиќ (Крал Марко) како турски вазал, во борбата кај Ровине (со Унгарите) – “Господ нека им е на помош на христијаните и јас да бидам меѓу првите жртви во оваа војна”. И загина по своја волја.

Заев ја промовира идејата дека во Македонија луѓето имаат право да бидат глупави. Беше толку тешко тоа што го разбра со умот, да го почуствува со срцето. Ништо не е толку лажливо како желбите. Во круната не се гледа знак на моќ, туку знак на должност. И секој треба да биде подготвен да ја исполни таа должност. Не може да им се подраги фотелјите од интересот на граѓаните. Оној кој многумина го присвојуваат е ничиј. А оној кој е ничиј, може да биде сечиј. Оној што нема име и род, мора да има цена.

Сакаат да го примат вазалството и обврските што одат со него. Молбите се непотребно понижување. Народот ќе пресуди. Моќта на власта е кратка, а моќта на народот долгорочна. Бидејќи народот памети со срце, а не со умот. Многу повеќе несреќи се предизвикани од исполнетите, отколку од неисполнетите желби.

Жал ми е за Македонија, која се смалува, која нема кој и со што да ја брани. Секогаш доаѓа часот на слатка и праведна одмазда. Само треба да се препознае. Недозволиво е Македонец да напаѓа Македонец. Свативме дека веќе нема иднина. Остана сегашноста што бега. А минатото скоро без сведоци.  ЕУ да не ни наметнува други услови кои ги немале други земји. Тоа е дел од неевропското однесување кон нас. Во политиката, истото тоа што е за некого навреда, за другиот е комплимент. Дали со уставните измени се готви и редифинирање на државата?

Ни го признавале македонскиот јазик. Па тој е официјализиран 270 година пред Христа. Александар Македонски кога ја почуствувал смртта ги повикал своите телохранители на чист македонски јазик. Кодификацијата на македонскиот јазик е со работата на Кирил и Методиј. Не можете да располагате со пратеници кои се слуги на народот, а не на партиите. Тие пратеници се независни.

Голтари ги приватизираа претпријатијата и станаа олигарси. Неофицијално, овие три децении самостојност украле над 20 милијарди долари. Кога функционери сакаат да ја сокријат вистината, се повикуваат на тајност. Што би рекол Буковски: “Проблемот во светот е што интелигентните луѓе се полн со сомнежи, додека глупавите со самодоверба”. Кој што сака да дојде на власт мора да го почитува доминантното јавно мислење. Ако и сега цената е купување и заплашување на пратениците, штетата ќе биде поголема од користа. Знаењето е нужност за оние кои имаат моќ над другите.

Еве ги тажните зборови на Александар Македонски, синот Филипов – “Мојот татко ги извршува сите доблести, а јас ќе нема што”. Тоа е гордоста на неговиот татко. И научил дека сé што Господ ни дава, мораме да го надоместиме со нешто. Или да го заслужиме. Македонската тврдоглавост и национално достоинство со ништо не може да се урни или купи. На крај останува разумот.

Некои  изливи на гнев не го менуваат мојот патриотизам.

ПРИМ. ДР. БЛАГОЈА (ВАСИЛ) ДАМЕСКИ

Loading