СЕКС НА ПЛОШТАД И КОЊИ В ПАРК

Превртена слика за нашат ареалност

Фотографии како коњи лежат на тревата во паркот во Точила беше објавена на социјалните мрежи. Иако објавата беше анонимна, предизвика низа реакции. Од тоа дека ако сликата била од Швајцарија, би имала 1000 лајкови, до тоа зошто на граѓаните им пречат кучињата, па сега и коњите во парковите. Некои се шегуваат дека животните на 4 нозе се природни “косачи”, ем тие сити, ем тревата средена, до тоа дека на коњите местото не им е во паркот, би биле опасни за најмалите или бидејќи деца нема, има барем коњи во паркот…

Некогаш парковите беа “огледало”, “џам” средени. Сега очигледно демократијата се проширила во сите пори, секаде дозволено е сé и сешто!

Друго прашање е каде се надлежните служби да си ја бркаат работата?!

Не сме против животните, уште помалку против кучињата, кои, нели се најдобриот пријател на човекот. Ги има во поголем број низ улиците, но и во центарот. На сред плоштад, дење напладне си ја бркаат природната работа! Ништо чудно, страшно за многумина… Но, Прилеп доцни ли кон Европа, или од град станува гратче, ем со сé помалу жители, ем без комунален ред.

Никој не кажува до каде е набавката на камиончето и пушката за заловување на кучињата, скитници. Процедурата била заглавена во тендерската постапка, а информацијата на патот од јавното комунално претпријатие до граѓаните?!

И кога сме кај животните, и влекачите станаа наши “сограѓани”. На социјалните мрежи излезе фотографија од прилепчанка која тврди дека е направена покрај река, во близина на мостот во “Димо Наредникот”! Излегле змиите од коритото обраснато со трева, а пак поројните дождови ја извадоа целата работа на виделин, од ѓубре до змии!

Прилеп стана зоолошка градина на отворено? Или преку оваа “трагикомична ситуација” се пренесува нашата реалност? Место деца, коњи во парковите, место да расте наталитетот, се множат песовите, и секој на секого е душман, змија! Кој знае?

Loading