ОД ОРИЕНТАЛНИ ДО СОВРЕМЕНИ ЦВРСТИ ГРAДБИ

Архитектура на Прилеп

– Старата чаршија иако без единствен стил зрачи со компактност

– Чорбаџиите во 19 век сакале раскош

Архитектурата на еден град е сведок на едно време. На динамичноста на современото живеење, не може да остане статична околината. Животот на градбите зависи од трајноста на градежниот материјали. Тешко е да се заштитат постарите градби од плитари. Треба да се адаптираат за да се живее по денешните стандарди, а не по оние од пред сто и повеќе години.

Доминација на  ориентален тип на куќи

Градските градби главно имале ориентална архитектура. По ослободувањето, и со миграцијата од селата, се гради според потребите и можностите. Дел од градбите од 70-тите години се диви и во процес на урбанизација преку легализација. Модерните се со подолг век на живеење раширени на сите страни од градот. Улиците и булеварите се широки, но со порастот на модерниот живот и потребите за движење стануваат тесни за нормално одвивање на сообраќајот, особено во шпиц периодите. Во современите градби доминираат разни стилови градени со енергетски ефикасни материјали. Мина времето на рамните покриви, кои служеа и за тераси.

Во минатиот век, градбите беа кревани од печена тула, бетон, челични конструкции со подолг век на трајност. Фасадите се украсени со богата керамопластична декорација, тераси, со метални огради од ковано железо. Овие објекти се поквалитетни за живот.

Прилеп е формиран околу 14 век, кога турските селани и сточари од Анадолија се населиле околу Оревоечка и Дабничка река. Подоцна се формираат маалата. Во 16 век градот ја менува физиономијата и добива ориентален здив. Муслиманските куќи биле оградени со високи ѕидови, прозорците со решетки, и имале големи дворови и бавчи.

Чорбаџиите граделе уникатни објекти

Во 19 век се појавува богатата македонска граѓанска класа, која градела објекти во верски и модерен стил. Чорбаџиите сакале домовите да им изгледаат репрезентативно. Шетале низ Европа и ја гледале тамошната архитектура и стилови и граделе според тој тренд. Под европско влијание, се ѕидало во неокласичен стил, барок, ренесанса, романтизам. Се “кревале” уникатни објекти по големина, раскош и атрактивност, различни од другите.

Станбените објекти од ориентален тип се прилагодиле за христијанското население. Градбите биле со приземје и кат со отворени чардаци, градени од плитар и со дрвена декорација. Авлиите биле мали. Биле малтарисани и обоени со вар. Покривите биле благи со широки стреи. Во внатрешноста имало мусандри и долапи од дрво, високи тавани од штици со лајсни и детали во резба.

Потребна е реставрација и реконструкција на наколкуте објекти во ваков стил. За зачувување на автентичноста, државата презеде неколку зафати со рексонстркцијата на куќите на Бектешовци и на Жеревци.

Старата чаршија – древно градителско наследство

Архитектурата и амбиентот на Старата чаршија го добила изгледот во 19 век. Овој исторски комлекс од културно значење  нужно е да се заштити. Поврзана со улички, претставува компактна структура. Објектите немаат архитектонска вредност и нема еднаквост на стилот. Сепак складната целина има неодолива урбанистичка концепција и вредност. Специфичен шмект даваат  запалената Чарши џамија од 1475 и Саат кулата од 1858 година. Дуќаните се со приземје, дуќан, и кат за живеење или за изработка на производи. За жал, без контрола нови излози од метал го засенија автентичниот сјај на кепенците. Чаршијата го изгуби идентитетот. Не се зачувани ниту фасадите со архитектонска пластика. Чардаците се речиси исфрлени.  Исчезната е мирисот на древност на чаршијата.

Старата чаршија  била опожарена во 1873 година.

Нужно е да се чува архитекстонското наследство и да се реставрира, особено станбената архитектура од 19 век со 13 куќи, потоа   архитектурата од 20 век со 23 градби, па црквите Св. Благовештение, Св. Преображение, Св. Кирил и Методиј, црквите во Варош и Бабанеделиното училиште. Богатство е и исламска архитектура со Чарши џамијата, Скршена џамија, остатоците од Куршумли ан и од Амамот. Со не со помала културно архитектонска вредност се поранешен хотел Југославија.

Loading