ТУЃО НЕ САКАМЕ, СВОЕ НЕ ДАВАМЕ

Така се сака Македонија. Постапка која не возбуди, која ни дава надеж. Актери на ова се годинешните македонски матуранти. Скоро во сите градови, на својата традиционална прошетка, го носеа и македонското шеснаесет зрачно знаме во своите раце. Порака која воодушевува, ветува и опоменува. Тоа е силна шлаканица за неразумните. Нашата меморија ќе продолжи и антиката не ќе остане поклонета од Заев.

Младиве птици заминуваат, но ќе се вратат во своите гнезда да расчистат со гавраните. Знамето на други држави се дозволи да биде етничко знаме, што во ниту една држава во светот не е дозволено.

Од македонските државни обележја постојат само границите, химната и некое знаме, сите проблематични. Тие и така не се почитуваат и се употребуваат како обична салфетка.

Зошто треба да им објаснуваме на Запад  и комшиите? Од оваа кукавичка генерација сé е предадено што може да се предаде. Кај нас Јуда е висок критериум за идентичност. Но, тој врати 30 златници и сам си пресуди. Се обеси.

Турците рекоа дека оставиле неподелена држава, цела, а ние сме ја распаднале и растуриле. Со право.

Во реонов елитите градат поданички одност кон центрите на власт во светот. Ние, како интелектуалци, мораме тоа да го кажиме гласно. За таквите луѓе Достоевски вели: “Не да е срам да живеат, но и да умрат. Бог сака само чесни луѓе. За да ти е срам треба да имаш образ”. Уште во 1953 година во програмата на ЦИА  пишува: “Ни требаат сомнителни, неспособни апатриоти со кои би можеле да работиме”. И ги најдоа. Еден Исланд е држава без армија, а е член на НАТО. Или Швајцарија  која е член на политичкиот дел на Партнерство за мир, но ни на крај паметот не í е да стане членка на НАТО и ЕУ.

Кај нас, за сé да биде според законот, доволно е да го измениш законот. Англискиот апелациски судија Џон Ловс вели: “На индивидуален план сé што не е забрането е дозволено, додека кај јавните тела, сé што не е дозволено е забрането”.

Европа има шанса да се претвори во загубена илузија на сите кои веруваа во идеата дека ЕУ треба да биде заедница на граѓани, а не на држави. Ќе останат запаметени во историјата дека во 21 век од Македонија направија окупатор и соучесник во војни. Доаѓа нов светски поредок во кој минатото ќе го ретушираме во иднината. Нашиве комшии сите сонуваат да бидат големи на сметка на Македонија, а само Македонија била империја и го има тоа право да го врати загубеното (во тоа се обидел внукот на Цар Самоил, Петар Дељан).

По некоја инерција уште зборуваме за некоја Македонија, која ја нема. Мојата територија е сé помалку македонска. Ми забележуваат дека сум бил песимист. Да, тоа е точно. У ште поточно е дека песимистот е само добро информиран оптимист.

ПРИМАРИУС ДР. БЛАГОЈА (ВАСИЛ) ДАМЕСКИ

Loading