ИТАР ИЛАЧ ОД КУРНАЗ ПЕЈО

На двајИца браќа маријовци, им се ваќало скапо солта и сакале да ја садат.

Садиле, садиле. Ами никоја година не му ји излегвала солта. Еден ден станале двајица зеле копачка, да копат во нивата, да видат шчо му ја јади солта? Копале, копале. Најсетне си нашле една змија. Еднијо рекол:

-Ајде, ќе ја лизним, да видиме, да ли је солена, да не ја јади таја солта?          Легнал, лизнал змијата, а таја го фатила за јазик! Тој почнал да вади пена од устата. Другијо му рекол:

-Ај, солена е? Шчо сакаш? Ти се јади леб?

Му дал леб. А тој уште се пени.

-Сакаш и кромид?

Му дал и кромид. Се собрале роднинето негови:

-Викните го Итер Пејо! Тој знаје некој илач. Тој и никој друг!

Дошол Пејо и му рекол:

-Сечите му глата. Друга ќе му клавиме!   

Loading