ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (193) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Децата василичарчината на секаде се први гости, па и во оваа куќа на Котески Ќиро. Василичарите си ги прават адетите со цив пиле, викање суро и тоа погласно, тоа го бараат делачите за добивање на два колбаси. Во тој момент доваѓа и постарите василичари со своите пратени помали василичари заедно со музиката со песните и орате се слуша нивната веселба од дворот, пречекани од домаќинот Ќиро и почестени со вино и ракија.

Престојот во Ќировата куќа со завршени сите работи со дневната традиција се слушна викотница од василичарчината, излевајте надвор Димитрија Бабјак дели колбаси да одиме да фатиме ред. Како што носи редат василичарите излеват, добиват василичарски подарок и го продолжуват патот за кај Крушковци Котески нунчеви.

Домаќинот Цветан не е дома оди на државна работа, вработен службеник во месната канцеларија во с. Канатларци. На местото на домаќинот Цветан василичарите ги пречека домаќинката Цветаница Василка.

Домашното уредување на Цветановата куќа од другите марулски куќи беше поразлично. Носијата на неговата фамилија беше целосно гратска. Во ходникот имаше постолје на кого имаше поставено бронзен леген за умивање лице, крпи обесени за бришење. Канта полна со вода со славина намонтирана  на ѕидот. Прозорите на собите од куќата модерни широки со пердина, шпорето бронзено за на дрва.

Откако завршија кај Крушковци сите адети децата заедно со возрасните и музичарите излегоја надвор во дворот да чекаат ред каде Јолески Благоја дели колбаси. Василичарите кој зедоја колбаси слегуват надолу за кај делениците Јовановци или Јоновци со тоа заврши шетањето на Јужно маало Трета бригада и започнуваат по втор пат шетање во средно маало Втора бригада од јужната страна средно маало кај Јованоски Ванѓел, втор брачед од стрико на Јованоски Крушка.

Децата први влегуваат во ванѓеловата куќа, прават цив пиле, викаат за Василица пред печката на жарот загреваат колбаси. Влегуваат и постарите василичари развеселени под гас од виното и ракијата од кај Крушковци. Музиката од гајдата на Алексо Бабјак пишти, ораџиите фатени тресат на ората, поднапиени и од понудата со вино и ракија од страна на домаќино Јованоски Ванѓел.

Децата презадоволни ги наполнаа ражените со колбаси и ги бројат кој колку зачувал колбаси на раженот. Веста ги растури со нивното броење поради надвор делачо Благоја Јолески дели колбаси сите набрзина излегоја за д афатат ред. Поради времето посетата, престојот се скратува. Василичарите од кај Ванѓел излегуваат земаат колбаси и одат кај комшијата, деленицата, првиот брачед од стрико наместо Јованоски кај Димитрија Ѓорѓијоски земено презимето од дедо му Ѓорче.

Димитрија за неговото младо време прочуен музикант за со гајда и на цларинет. Василичарите беа почестени со вино и ракија. Најдоја расположение и време го примиораа Димитрија да засвири со гајдата од Алексо. Се отвори голема веселба соора и песни. Децата си ја завршија својата работа, прават цив пиле во печката, печат колбаси, викаат за василичиниот празник суро, суро, суро. Ванчо и е внук од брат на Димитрица. Дојд евреме надвор се делат колбаси, а делач е Колески ванчо познат со добар карактер према сите деца. Василичарите ја напуштаат куќата од Димитрија расположени си земаат колбавчиња од кај делачо Ванчо и одат во соседната куќа на стрико му Јован. Во куќата на Јован живеат три фамилии. Родителите, таткот Јован, мајката Ивана во заедница со синовите Алексо и Душан и нивните фамилии. Со влегувањето во јовановата куќа беше забележано да има странец. Тоа беше зето Кукларо Боне од с. Бонче момчето на Анѓа, ќерка на родителите Јован и Ивана.

Децата василичаржината си го гледаат својот интерес викање повеќе пати гласно на зборот суро правење пред печката или внатре цив пиле и печење колбавчиња. Се слушна гласот на гајдата, влева и музикантите и ораџиите распеани. Зето Боне име пзонато од поранешните години, Боне нема своја крвна рода доека родата од Анѓа е голема во Марул. Крушковци, Тодоровци, Дојчиновци денес Јолевци, Петреска Ванѓелица Мара, Ризоска Боризица Цветанка, Здравеска Анѓа Стојаница Танеска.

Василичарите беа пречекани домаќински почестени со пијалок, вино и ракија. Лозје има во лозница повеќето беше лозјето од лисичарката па затова има кревко вино. Децата само што влегоја ја отворија печката, направија цив пилке, провикаа суро, неколку пати на силен глас и започна работата со печење на колбаси. Се разви весела музика со песни и ора. Се слушна до надвор Богоја Танески дели колбаси, децата набрзина излегоја за во ред да чекаат за колбаси. После нив излегоја и постарите василичари со ред се послужуваат и по улица одат кај Велјановци. Во куќата е припремано за дочекот на василичарите. Додека децата се припремаат да ги завршат своите работи цив пиле, суро веќе наврата влегоја постарите василичари распеани, развеселени од кревкото црвено вино кај Јолевци.

Велјановци и Павлевци беа доста ближни, во летниот период си помагаа меѓу себно за превозување сено од Чорлија за Велјановци, а од Вашерејца за Павлевции од таа меѓусебна помош василичаро Павлески Јованче се приближи до стариот Велјаноски Ристе со прашање да времето одминува ако е можно василичарскиот подарок да му се подели на василичарите, Ристе одговори да можи.

За кратко време подарокот, тепсијата со колбасите беше во рацете на Павлески Јованче, веста се пренесе надвор, Јованче дели колбаси. Децата први, возарсните по нив во ред добиваат колбаси и ја напуштаат велјаноската куќа и заминуваат во соседната Најдоска, Стеваноска куќа.

Со самото влегување кај Стевановци беше забележано да имаат странец гостин, тоа беше Перкоски Алексо од прилепско Алинци, момчето на Цвета Стеваноска. Ако домаќинот Илија шета гологлав без капа се знае да има гости.

Василичарите развеселени млади и стари дедо Илија врти со капата на орот за синот Аце кој е во ЈНА. По лулето му подкапува по некоја капка, но тоа никој н его забележува, сите гледаат во неговите тактови во движењето на орото. Со тие негови тактови ги привлекуваше повеќе расположението кај василичарите Децата расположени кај дечарот дедо Ило прават цив пиле на висок глас го извикуваат името суро, суро, суро. Во отворената печка со ражените пржат колбаси.

Се слушна глас кај децата да надвор Јанкоски Китан дели колбаси. Децата се стрчаа за да фатат место во редот за да земат колбаси. Станаа и возарсните василичари за да земат колбаси со тоа ја напуштаат стеваноската куќа после земањето колбаси заминуваат за кај стеваноскиот комшија Велјаноски Благоја.                               

Продолжува

Loading