МОРАВСКАТА МИСИЈА И МАКЕДОНСКОТО ПРАШАЊЕ

Д-р Зоран Богески, историчар

По повод денот на светите браќа, рамноапостолите – просветители светите Кирил и Методиј, а во рамките на 1160 годишнината од Моравската мисија, Д-р Зоран Богески, историчар  се осврнува во кои услови тие дејствувале и работеле и како потоа нивното дело и, општо, македонската историја, се узурпирани од страна на соседна Бугарија.

Моравската мисија по својот карактер била револуционерна со јасен словенски христијански карактер и геостратегиска цел за интересите на Византиската Империја затоа што била насочена против дејствувањето на германско – бугарскиот сојуз и ширењето на латинското влијание. Св. Константин – Кирил и св. Методиј, создале значајна црковно – духовна и културно – просветна мисија.

За да ја претставиме воспоставената пракса на именување на териориите и населението во византиско време, како историски најблизок настан кој го потврдува гледиштето е востанието на самоиловиот внук Цар Петар Делјан кој во темата Бугарија во 1040 година дигнал востание против Византија и се прогласил за Цар и наследник на Самоил, а кој бугарската историографија наменски си го толкува и презентира. Поради денешните пропагадно – небулозни тези на соседот редно е да се прашаме што бил тој: Мизиец, Македонски Славјанин или Бугар? Тие Царот Делјан го присвојува и го претставува како „бугар”, а востанието како ,,бугарско”. Дека тоа не е така наоѓаме потврда кај византискиот хроничар Михаил Аталијат, кој во  својата ИСТОРИЈА запишал дека на Мизите  (се мисли на Мизи, жители на поранешна провинција Горна Мизија, Белград и денешна Србија) им бил даден називот “бугари” како сопствен. Што значи ова, дека им било дадено името Бугари според темата Бугарија, а не според етничката припадност.

Во првата публикација на Српскиот антибогомилски синод, составена во градот Жича во 1221 година, т.н. „Жички синод”, подоцна публикуван 1864 г., Архимандритот Серафим Ристиќ наоѓаме уште една потврда за административното определување на териториите и населението од византиската територија. Даден е одличен пример од кој може да се споредуваат употребите и злоупотребите на термините Македонија и Македонец и Бугарија и Бугарин. Изворот, конкретно ја определува територијата на темата Македонија која што ја определувала административната единица Македонија надвор од територијата на историско – географската област Македонија. Во самиот Синодик дословно го читаме следново: „Во Македонија Бугарска во Филипопол (Пловдив) и околината се појави богомилска ерес и нејзините следбеници да бидат проклети и анатемисани.”

Што конкретно дознаваме и што се потврдува од овој средновековен српски извор од 13 век? Дека ова е Македонија која е на територијата која за тогашните хроничари и администрација веќе етнички е на бугарските словени и е идентификува како таква, но на истата претходно бил организиран субјект (административна тема) кој го носел името Македонија и оттука оваа Македонија е именувана како БУГАРСКА за да се направи разлика со територијата која како матично имевеќе векови изворно го носи името МАКЕДОНИЈА. Ова значи дека оваа Македонија Бугарска, според непознатиот српски автор од 1221 година, нема никаква врска со автентичната Македонија сместена на познатиот триаголникот Егејско-Вардар-Пирин, бидејќи Македонија Бугарска ја опфаќала територијата околу нејзиниот центар Пловдив во западниот дел на денешна северна Тракија и дел од матичната територија на некогашната бугарска држава.

Во средината на ЏИВ век ваквата практика на именување повторно нашла свој одраз и во извор од бугарска провиниенција. Во преводот на византиски летопис чиј автор бил византиецот Константин Манасиј она што е интересно и што ни дава потврда и еклатантен доказ плус, е тоа што под минијатурата на самиот цар, подоцна некој латински писател забележал: „Иван Александар, Македонец (бидејќи бил роден во темата Македонија) по чија желба таа книга се преведе од грчки на славјански.” Не на бугарски, ами на славјански, што значи и во ЏИВ век самата бугарска држава јазикот не го нарекува бугарски како што тоа денес го тврди соседна Бугарија, туку го употребува вистинскиот термин славјански.

Сѐ до средината на 19 век името „бугарин” означувало градинар и прост необразован селанец, името „влав” означувало човек кој одгледувал коњи и добиток, името „грк” означувало трговец, учен човек и човк кој живее во град се облекува со облека ала франга, а пак „србин” означувало земјоделец, „арнауртин” означувало разбојник, некаква стопанска дејност. Само името Македонија и Македонец се поврзуваат со историо-географскиот регион Македонија и нејзиното славно минато. Сѐ до 17 век Османлиските владетели станале свесни дека поради религиската припадност, различна од онаа на територијата на Македонија преку која се идентификуваат и другите православни региони од Балканот, не можат да го добијат александровото наследство, па за тоа да се спречи започнале да го забрануваат употребувањето на името Македонија и Македонци и да се употребува Румелија, како османлиска варијанта на Ромеа или Византија).

Во контекст на денешните наметнати историски проблеми од Бугарија треба да потенцираме дека од падот на Цариград во 1453 година до почетокот на 18 век, кога Русија штитејќи ги сопствените интереси се јавува како заштитник на словените во муслиманската Османлиска Империја, во официјалните документи воопшто не се појавуваат бугарите како народ. Името Бугари, пред сѐ, циркулира како стопанско-социјална квалификација скоро 400 години. Тука е важно да се нагласи дека тогаш БУГАРСКА ЕТНО – НАЦИОНАЛНА СВЕСТ НЕ ПОСТОЕЛА. Кај бугарските Славјани речиси да немало никакво чувство на бугарско етничко потекло или чувство од времето на царствата на турко-булгарските ханови, и кое би опстојувало традиционално како фолклор, како народна памет.

Да потенцираме еден историско – пропаганден парадокс, кој бугарската пропаганда од 1945 година масовно го користи како голем доказ за вештачкото создавање на македонскиот народ како засебен одделен народ. Денешната бугарска пропаганда трвди дека во 1844 година Македонците ги измислил Стојан Новаковиќ со Илија Гарашанин кога Српското Кнежевство со програмата изложена во „Начертаието” развиваат стратегија како да се заштитат од патријаршиското влијание од југ и новата грчка држава со што пристапуваат да ги пробудат и еманципираат Македонските словени развивајќи ја нивната свест за посебност со истакнување на локалната македонска посебност во јазикот и друго. И тоа реално гледано не е ништо посебно  спорно. Овој парадоксален доказ би немал никаква сила и вредност доколку се афирмира премолчениот факт дека само од прилика пред една година, во 1842-43, истите тие Срби  заедно со српскиот кнез Михајло Обреновиќ, исто така, интервенирале кај словенското население во Бугарија за при спроведувањето на тамошните избори за општински совети да не се декларираат за Грци и да не се кандидраат преку грчките листи на Рум Милетот, туку да се декларираат за славјани бугари и да бараат воведување на народниот јазик и кирилско писмо во општините и училиштата.

Тоа го увидел и го потврдува и бугаринот Стефан Панаретов кој е еден од стотиците научници кои сведочат дека во Македонија, именката „бугари” нема етничко значење и е синоним за Словен. Тој во својата книга  „Блискоисточни политики и услови” од 1922 година, вели: „Повеќе од сигурно е дека ’изворните‘ прави Бугари никогаш не стапнале со нога во Македонија, нејзиното население во најголем дел било словенско… Името Бугари со кое се означени, докажува дека правите Бугари веќе се во темел пославјанчени! Нивното име (Бугарин) станало синоним за “Словен”, а нивното кралство во очите на македонските Словени било – словенско кралство, нивно кралство!”

На почетокот од бугарската преродба дејците се идентификуваат со Македонија и нејзиното античко славно минато. Прв таков значаен пример, претставува првата печатена варијанта на „Историјата слабјанобугарска” од Отец Пајсиј Хиландарски со која се смета дека започнала бугарската преродба, е Царственикот или Историја бугарска, печатен во 1844 година од Христаќи Павлович. Таму има круцијална информација во која се вели: „И така Александар остана во Вавилон: а Бугарите тие го примија славното име и се нарекоа Славјани и Македонци.”

Ваквата идентификација се среќава и кај еден од најпочитуваните Бугари денес, Георги Сава Раковски.Бил крстен како Сава Поповиќ и зел слава Свети Сава Српски, на 40 годишна возраст го променил своето име во Ѓоерги Македон и го воспевал легендарниот Македонски крал Каран прв крал на Античка Македонија – како предок на својот народ. Тој си ги бара корените во македонската древност пред вистинските етнички турко – татарски Булгари да се доселат на Балканот и со нивното име преку словенското население на територијата меѓу Дунав и Стара планина да бидат етаблирани денешните Бугари. Значи, и еден од најголемите буграски дејци од тоа време, Ѓеорги Сава Раковски, исто како и Миладиновци, Шапкарев, Цепенков и други во текот на својот живот имал неколку идентификации.

ФАКТИ ЗА ВИСТИНСКА СЛИКА

– Ова се само мал дел од фактите кои ја формираат сликата и ја демантираат секоја соседна пропаганда која го негира макеоднскиот национален и етнички наратив. Од тоа може дасе види на кој начин, како и во кои услови и контексти во византиско и во османлиско време се употребувани термините кои се користат за наводни докази дека името Бугари за Македонците веќе е автохтоно име преку мешање на Славјаните од денешна Македонија и Бугарија со прабугарите во североисточна Бугарија, што секако историски е неточно. Од тие причини ја повикуваме комисијата да се откаже од популаризација и легитимирање на селективно одбраните факи со кои се „докажува” наводниот бугарски карактер на Македонија и даги има во предвид сите расположливи факти во надминувањето на овој наметнат спор, а доколку тоа не е можно тогаш да се повлече од својата работа и да ја оневозможи инструментализацијата на историската вистина за политичкицели, а  со тоа да предизвика повеќекратна и повеќе децениска штета на Македонската држава и на бројни македонски генерации. 

ИСКУСТВЕН ПАТРИОТИЗАМ

– Од досегашното искуство да научими зошто треба да ја сакаме сопствената држава и како да се однесуваме совесно кон сите сфери на нашето живеење што ја чинат таа држава со кои ќе ја заштитуваме, браниме и развиваме како подобро место за живеење.

Loading