НАМЕСТО 18, ПЕТ СУДИИ 

Во судот

Основниот суд остана со петмина судии кои ќе ги решаваат итните случаи, откако судскиот совет го разреши поради пензионирање претседателот Зоран Стеваноски. На негово место е избрана за В.Д. судијата Јасмина Шишковска Стојковиќ.

Според систематизацијата, во судот треба да работат 18 судии, но на објавениот оглас никој не се пријавил да биде судија во Прилеп.

-Судскиот совет размислува за друго решение, можеби со делегирање. Ќе треба да се зборува и со кандидатите од Академијата за судии и јавни обвинители затоа што со сила не може –  велат од судскиот совет.

Според Законот за Академија за судии и јавни обвинители, само првите тројца кандидати кои ја завршиле академијата имаат право да избираат во кој суд сакаат да бидат избрани. Сите други се должни да конкурираат на секој објавен оглас за избор на судија.

Основниот суд е првостепен со проширена надлежност за општините Прилеп, Долнени и Кривогаштани.

Loading