ИЛЈАДА ЉУБИТЕЛИ НА ДВЕТЕ ТРКАЛА

Сите на велосипед

Над илјада вљубеници на велосипедот го промовираа ова превозно средство како стил на здравиот живот и начин за заштита на животната средина на рекреативната тура од центарот на градот до селото Мало Коњари и обратно, долга 14 км. на празникот Св. Кирил и Методиј.

Градоначалникот Борче Јовчески изрази задоволство од масовниот одѕив.

– Апелирам до сите сограѓани што повеќе да ги користат своите велосипеди и да го чуваат и одржуваат своето здравје и животната средина. Наскоро локалната самоуправа ќе распише повик за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед – рече Јовчески.

Организатор  беше ВК Илинден со поддршка на Општината.

Loading