ГОЛЕМОТО СЕМЕЈСТВО ЗА ГРИЖА СО ДОВЕРБА

55 години детски градинки „Наша иднина

Пет ипол децении детските градинки ,,Наша иднина” за градов, се најголемото семејство во кое стотици родители имале доверба и илјадници деца биле беспрекорно згрижени. Освен нега и топол оброк, во јавната општинска установа ги добивале и основите во воспитувањето.

Со пригодна програма низ игра и песна, децата во ЦК “Марко Цепенков” се претставија пред родителите и беа наградени со бурни аплаузи.

Перманентната грижа и восипитување и по 55 години продолжува во постојните реновирани објекти со подобрени просторно -материјални и хигиенски услови.

Потребата за дополнителни слободни места за згрижување на децатае горлив проблем кој  се очекува да се ублажи со новоизградената градинка во Точила за чие отпочнување со работа локалните власти сеуште молчат.

Loading